еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“ награден со високо прзнание од Booking.com

Етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“ добитник е на највисоко признание од Booking.com.

Веста за МИА ја соопшти менаџерот на ресторанот, Николче Димески, кој додава дека ова за него и за сите вработените претставува голема чест, но и предизвик за уште поголема ангажираност во постигнување што повисок квалитет на понудата и услугата, од која, како што додава и до сега посетителите се повеќе од задоволни, што го потврдува и добиеното прзнание.

– Од самите наши гости и од заменик директорот James Waters (Џејмс Вотерс), нашиот етно-ресторан е оценет како најдобар и најпопуларен ресторан, со високо квалитетна услуга и храна, прекрасен амбиент, и како таков е препознаен не само во Република Северна Македонија, туку и многу пошироко. Тоа е предизвик сите ние да работиме уште попосветено, за да измамиме уште повеќе насмевки и уште позадоволни посетители, вели Димески.

Од почетокот со работа, во септември 2016 година, до денес, тука престојувале илјадници гости, намерни или сучајни патници, од земјава, регионот, Европа, па дури и од Израел и други земји од светот, кои секогаш биле со пофални зборови. По нивна препорака, во постојан раст е бројот на гостите.

– Секој е добредојден. Секој оној кој барем за миг сака да почувствува спокој во душата и да се релаксира од динамичното секојдневие. Нашите посетители добро знаат какво е чувството кога заспивате со жуборот на Радика, а се будите со звуците кои доаѓаат од прекрасната Бистра. Она што е исто така многу значајно е фактот што гостите имаат можност да го посетат и македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир, кој е во непосредна близина, посочува Димески.

Етно ресторанот „Куќата на Мијаците“, е сместен на десната страна на регионалниот пат Дебар – Маврово, на аголот по патот кој води кон Бигорскиот Манастир.

Тој не е обичен етно-ресторан и хотел, во кој може да ги вкусите и запознаете мијачките врвни специјалитети, напротив тој е своевиден прв музеј на мијачката култура и традиција.

Изграден е по идеја на игуменот на Бигорскиот Манастир, Архимандрит Партениј и е олицетворение на богатата мијачка традиција, култура и архитектура.

МИА/ Фото: emagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија инсистира Договорот со Македонија да биде дел од Преговарачката рамка

Редакција

Поради доцнење на изведбата, Банката на Советот на Европа се повлекува од финансирањето на штипската Клиничка болница

Редакција

Кина загрижена поради ескалацијата на ситуацијата во Украина

Редакција