Брендот за накит „Ребека“ организираше хуманитарен настан во истоимената новоотворена продавница за накит во Рамстор, за жените болни од рак на дојка.
Парите собрани од продажбата на албумот на познатата музичка група „Фрајле“, беа наменети за здружението „Борка“.
На настанот присуствуваа и членките на групата „Фрајле“, Наташа, Марија, Јелена и Невена кои ги потпишуваа продадените албуми, делеа автограми и се дружеа со фановите.
Тие добија и подароци од италијанскиот бренд за накит „Ребека“ кој неодамна се отвори и кај нас и чие што заштитно лице е Каролина.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.