еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) ИТ компанијата – Интертек со нова и модерна канцеларија за своите вработени

Интертек, ИТ компанија за развој на софтверски решенија, со главно седиште во Минхен и ИТ канцеларија во Скопје, официјално ја отвори новата и модерна канцеларија во центарот на градот, веднаш до Владата на Република Северна Македонија.

Новите простории се уредени во духот на светските модерни ИТ компании и се наменети да овозможат простор за креирање и професионално надградување на повеќе од 120 млади професионалци во различни гранки од ИТ индустријата.

Дизајнот на самите канцеларии е во функција на она што најмногу им треба на млади луѓе кои се занимаваат со создавање на креативни софтверски решенија за клиенти во најразлични индустрии – тоа е простор кој ќе биде платформа за комуникација, соработка и мотивација на индивидуалци и тимови чија што задача е идејните решенија од хартија да ги претворат во реалност.

“Главната цел на инвестицијата во канцларии од ваков тип, е да се создаде простор во кој луѓето ќе уживаат да го поминуваат своето време, во кое ќе најдат удобност и каде ќе можат креативно и продуктивно да се изразат, да напредуваат секако располагајќи со сите потребни ресурси.

Секако, канцеларијата без луѓето кои ја градат културата во неa е само простор, и затоа секое делче е внимателно создадено со намера да поттикне атмосфера на соработка, комуникација, учење и пријателско расположение кое е неопходно за мотивација низ деновите поминати во заедничка работа,” изјави Димитар Силјановски, основач и директор на Интертек.

Канцелариите кои се простираат во зграда од 6 ката и на површина од 1500м^2, располагаат со сите алатки и технологии потребни за секојдневните обврски.

Распоредот во канцелариите и условите за работа ја отсликуваат културата на компанијата, која е концентрирана околу луѓето и нивниот професионален и личен развој, транспарентната и искрена комуникација, но со крајна цел дека работата треба да претставува задоволство.

Секој кат зазема површина од 250 метри квадратну на кој се распоредени канцеларии со различни големини според потребите на секој од тимовите.

Освен тоа секоја од канцелариите располага и со конференциски сали наменети за состаноци, дискусии, развој на идеи, работилници, како и со помали ‘фокус’ соби за индивидуална работа и видео повици.

Не помалку важни се и просторрите за релакација и збогатување на друштвениот живот, просторијата за пинг понг, видео игри, друштвени „борд“ игри, јога, сала за презентации, катчиња за експериментирање со 3Д принтер и ИОТ технологии.

Петочните дружења во Интертек се традиција, особено во летниот период, а од особено значење е и градината на самиот покрив на зградата, која дефинитивно ќе биде место за прославување на сите помали и поголеми успеси, професионални и лични достигнувања или едноставно простор за пауза и полнење на батериите со поглед кон Водно, Градски парк и центарот на градот.

За Интертек

Интертек е ИТ компанија за развој на софтверски решенија, со главно седиште во Минхен и ИТ канцеларија во Скопје.

Тимот на Интертек се состои од водечки експерти во ИТ индустријата, кои изготвуваат иновативни софтверски решенија за клиенти во најразлични индустрии. GSG, Curalie, Kreatize, Kaha, се само дел од нивното богато портфолио на клиенти.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европски бизнис награди: Основачите на CodeWell се претприемачи на годината во Македонија

Редакција

„Врба“ на Mанчевски почнува да се емитува на HBO Go

Редакција

(Фото) Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“ : Првото вино од годинешната берба наговестува добра винска година

Редакција