еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Ивановски и Поп Арсова срушија два државни рекорди: 2.000 тркачи на Skopje Run 10K

Оваа е трета година по ред кога Skopje Run 10K успева во својата клучна цел, да го промовира спортот и спортувањето во Скопје и Македонија. Околу 2.000 тркачи излегоа ова прекрасно утро на бул. Илинден во Скопје.

На Skopje Run 10K во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со 31:07 минути, втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:49 минути. Од женските прва беше Теодора Симовиќ со 34:59 минути, второто место го зеде Андријана Поп Арсова со 37:02 минути и на третото место заврши Билјана Кираџиева со 37:59 минути.

Дарио Ивановски заедно со Андријана Поп Арсова срушија два државни рекорди. Ивановски го надмина машкиот државен рекорд во 10 километри на улична трка, додека Поп Арсова го урна женскиот државен рекорд во иста категорија.

Од штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути.

Во нејзин склоп оваа година се организираше и хуманитарна акција за донации насловена #ЗасадиВоздух каде од продадените dry-fit маици се одделуваат средства за садници кои тимот на Skopje Run 10K и Град Скопје ќе ги засадат на погодна локација.

Сите учесници по трката може да ги симнат своите фотографии од skopje.run преку специјалната апликација Pic2Go.

Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички. Главни покровители на Skopje Run 10K се Агенција за млади и спорт, Град Скопје, а ко-организатор е МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државните ревизори откриваат дека ВМРО-ДПМНЕ на рати отплаќа милионски долгови

Редакција

Денеска и утре ќе бидат затворени улици низ Скопје, поради митинзи

Редакција

Доктор Беќаровски објаснува кои се најчестите пост-ковид симптоми кај прележаните, кои се повеќе бараат помош по клиниките

Редакција