еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Jaguar F-Pace ги пречека Мажите на годината за 2018

Синоќа за прв пат се одржa настанот „Men of the year 2018“, на кој што беа доделени признанија и награди на најуспешните мажи во Македонија. Како официјален автомобил на настанот, британскиот премиум SUV Jaguar F-Pace ги пречека „Mажите за 2018 година“ .

F-Pace е првиот SUV од Jaguar кој ги соединува спортската управливост и драматичната убавина со секојдневната практичност и ефикасност. Дизајниран со смел изглед, Jaguar F-Pace e конструиран како SUV со неверојатни перформанси и намена за сите услови.

Напредната технологија на Jaguar F-Pace нуди спектар од системи коишто го збогатуваат доживувањето при возење и се грижат сите патници во возилото да бидат безбедни. Алуминиумската констукција со мала тежина нудат префинетост, ефикасност и спортски перформанси.

Од неговото лансирање, Jaguar F-Pace стана најбрзо продаваниот автомобил од Jaguar, освојувајќи повеќе од 70 награди а беше прогласен и за Светски автомобил и Светски автомобилски дизајн за 2017 година.

Изборот на “Mажите за 2018 година“ беше направен во неколку категории, разгледувајќи ги повеќето аспекти од животот, лични и професионални достигнувања во изминатата година. На гала вечерта која што се одржа во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката и јавниот живот, наградени беа 10-те најуспешни мажи за 2018 во Македонија.

Повеќе информации за возилото побарајте на официјалната страница на Jaguar macedonia.jaguar.com.  

околку сакате и одблиску да гo запознаете моделот SUV F-Pace направете го тоа веднаш кај овластениот увозник – Аутомобили Груп на ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Избрани мажите на годината: Чадиковски, Димитров, Мукаетов, Јанески…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата холивудска актерка Денис Ричардс пие чај Good Nature во популарното ријалити-шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“

Редакција

Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство во Скопје и Македонија

Редакција

Филмот на Ставрески, „Исцелител“ освои две награди на фестивал во Валенсија

Редакција