еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Галерија) Д-р Ивановски открива со какви повреди се соочувале ракометарите на Вардар за време на Лига на шампионите

Шампионскиот пехар од ракометната Лига на шампионите пристигна и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Горди сме што веќе шеста година заедно со нашиот и ваш РК „Вардар“ ги допираме височините на ракометна Европа и светот и што нашите доктори се грижат за здравјето на шампионските вардарци. Бајка чијшто крај никој не можеше да го предвиди. Ракометниот клуб „Вардар“ ни даде вистинска животна лекција. Нивниот успех го славиме сите! Но, како тие стасаа до таму? Момците имаат срце и позитивна енергија како ретко кој“, вели д-р Михајло Ивановски, кој со нив ги  делеше предизвиците, сите моменти на среќа и тага.

Подеми, падови, притисок, повреди, исцрпеност Ивановски беше нивен доктор во целата сезона, а тие, како што вели, психички биле мошне силни. Не создавале притисок, не се оптоварувале многу.

Емоциите се сега до врвот, но додека траеле битките во Лигата на шампионите и на финалниот турнир во Келн сите во екипата биле приземни. Не било лесно ни со повредите. Дел од нив биле и потешки.

„Беа подготвени психички и не правеа непотребен притисок. Момците имаат срце и позитивна енергија како во ретко кој колектив. Заедно со двајцата физиотерапевти Димитар Маневски и Рубинчо Србиновски, или Диме и Рубин како што ги викаат во клубот, се грижевме за тимот цела сезона.

Поминавме низ многу повреди, оперативни зафати, подеми и падови. За последните два натпревара немаше опција, немаше простор некој да не игра. Затоа се подготвивме добро“, вели Ивановски.

Исходот од учеството на Вардар на Ф4 ја крена нацијата на нозе. Европската титула, втора по ред по онаа од 2017 година, буди нови емоции, чувство на сплотеност, среќа и заедништво.

Ивановски вели дека секој проблем кај ракометарите се решавал брзо, ефикасно.

„Карачиќ имаше проблеми последните три дена кога се повреди, но успеа да се надмине себеси, па затоа е МВП на турнирот. Шишкарев се повреди во финалето, па беше 50/50 дали ќе продолжи да игра. Потоа се покажа дека нема потреба да ризикува, па беше најгласен од клупата“, вели докторот пренесувајќи детали од последните денови.

Приказната во соблекувалната е сосем различна. Еуфорична и емотивна, таква што води кон нови победи. Ивановски вели дека, впрочем, невозможно е да се објасни какви се чувствата таму долу на теренот, на паркетот.

„Задоволство, емоции, славењето е посебна приказна. Нема зборови коишто можат да ја објаснат целата еуфорија кај тимот, кај навивачите. Мора да се издвои капитенот Столе Стоилов, кој навистина има енергија што ја сплотува екипата. Секако, енергија, таа позитивната, е нишката што ги спојува сите во едно и сите имаат придонес во тоа. Навистина неописливо“, вели д-р Ивановски.

Вардар е лекција, Вардар е љубов, Вардар е епска приказна. Таква којашто мора да ја паметиме. За тоа својот впечаток го дели и Ивановски.

Насловна страна фото: ЕХФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повик верниците на Велика Сабота да излезат на своите балкони со свеќа и да го запеат тропарот на Воскресението

Редакција

Откажан забавниот дел на Вевчански карневал, минимално дефиле на маски

Редакција

Клиничките фармацевти во „Zan Mitrev Clinic“ промотивно достапни на онлајн консултација за сите пациенти

Редакција