еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Кои се најдобрите лаунџ и мезе барови во Скопје

Секторот за локален економски развој  на Град Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитетот на услугата, избраа „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје. Манифестацијата традиционално се оддржа по 11-ти пат.

Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој  на Град Скопје.

– Скромните признанија во форма на плакети што сега ги доделуваме, ќе се потрудиме во наредните години да прераснат во награди коишто ќе бидат синоним за квалитет на еден угостителски објект. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот – изјави Марко Тодоров.

Тој додаде дека новитет оваа година е тоа што за првпат резултатите од истражувањето ќе бидат дискретно соопштени на сопствениците или менаџерите на угостителските објекти коишто беа предмет на истражувањето, со цел да можат и самите да направат анализа на своето работење и да ги согледаат своите силни и слаби страни.

Најдобри во категоријата лаунџ и мезе барови: 1. „Дистрикт бар енд кичен“, 2. „Паблик рум“ и третото место го освои „Соул кичен бар“.

„Дистрикт бар енд кичен“

„Паблик рум“

„Соул кичен бар“

Фото: Фејсбук-страници на „Дистрикт бар енд кичен“, „Паблик рум“ и „Соул кичен бар“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се најдобрите гостилници во Скопје

(Фото) Кои се најдобрите ресторани во Скопје

(Галерија) Кои се најдобрите кафулиња во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиската и стабилноста на курсот на денарот успешно се одржуваат, велат од Народна банка

Редакција

Од Македонски телеком не кажуваат како ја одредиле сумата од 15 денари провизија за плаќање сметка и дали истата ќе расте во иднина

Редакција

До почетокот на 2024 година промена на документите со новото име на државата, со нови повисоки цени

Редакција