еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Галерија) Македонка која се врати од Мајами открива како е да си во карантин во хотелот „Славија„

Не стивнуваат негативните реакции на македонските граѓани кои се враќаат во Македонија и не по своја вина завршуваат во државен карантин, поради пандемијата со коронавирусот, кој трае од 14 до 21 ден, зависно од тоа од која земја се враќаат.

Пред неколку дена Владата одлучи овие лица да не одат и во дополнителна самоизолација од 14 дена по завршувањето на карантинот, за разлика од некои земји во регионов кои за своите граѓани го укинаа и карантинот.

Маја Манева пред неколку дена се врати во земјава од Мајами, САД, каде работеше на брод и моментално е во државен карантин во хотелот „Славија“ на Попова Шапка, кој е во сопственост на државната “Елем турс“, за еМагазин го сподели своето искуство.

ХОТЕЛ ИЗГЛЕДА КАКО ДА Е ОТВОРЕН САМО ЗА НАС

Манева од САД во Македонија пристигнала со уште неколку Македонци. Слетале во Бугарија, по што биле префрлени до македонската граница, каде чекале неколку часа автобусот да ги пренесе до Попова Шапка, кој попатно на две други локации во земјава собрал и други лица.

Таму сретнале девојка која чекала да биде преземена дури од претходниот ден, а ноќта ја поминала на граница.

Имале среќа што на граница имало продавница, па се обезбедиле со вода и нешто за јадење.

По речиси 24 часовно патување од САД до Попова Шапка, комбинарано со чекање, стигнале во хотелот „Славија“, каде и било кажано дека ќе бидат сместени по двајца во соба, по што таа бурно регирала, па била сместена сама.

„Полицаецот од придружбата ми рече девојче ова не е Америка, а јас го прашав, а зошто да не биде Америка?„, раскажува таа.

Долгото патување за нејзе не било ништо во споредба со тоа што го видела во собата во која е сместена.

“Прашина, нечисто, проблеми со вода, се се распаѓа, кваката од вратата од терасата ми остана во рака… Хотел како да беше отворен само за нас. Среќа што имав своја постелнина, само еден Бог знае што можеш да „закачиш“ во вакви услови.

Побарав да ми дадат правосмукалка да исчистам, но ми рекоа дека незнаат каде им е„, вели таа.

За среќа како што раскажува барем нејзината соба има тераса, бидејќи никој не смее да ја напушти собата.

Додека била на брод пред месец и половина моментално го изгубила мирсот, што и се случувало и порано, но бидејќи тоа е еден од симптомите за Ковид-19, таму била во самоизолација и инсистирала овде да и биде земен брис.

Тоа и се случило и тестот и бил негативен.

“Знам дека ова е Македонија и не ми е целта да правам драми. Се помирив со карантинот, не е лесно да се вратиш дома и да не можеш, не по твоја вина, да се видиш со фамилијата, но овие услови се ненормални.

За екипата од Тетово која ми зеде брис имам само пофални зборови. Уште истиот ден ме информираа за резултатите. Кога се ова ќе заврши треба да се вратам кај мајка ми и татко ми, кои и двајцата се во ризична група, имаат хронични заболувања, па затоа уште повеќе ми беше важно да претходно бидам тестирана“, вели таа.

Од храната генерално е задоволна, но проблематично е кога ти требаат други работи, како на пр. средства за одржување на женска лична хигиена, вели таа.

ВО „СЛАВИЈА“ СМЕСТЕНИ ШЕЕСТИНА ПОВРАТНИЦИ

Во хотелот „Славија“ моментално според управникот со кој контактираше еМагазин има сместено шеесетина повратници од странство.

Тој не ни откри кога последен пат е реновиран овој хотел, и не сакаше да сподели други информации или да коментира за условите.

Вели дека хотелот работел зимава.

Прашање за милон долари е кој би платил за да зимува во овој хотел?

Насловна фотографија: Елем турс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угинаа два коња во Зоолошка градина, најверојатно се отруени

Редакција

Почит кон своите корени: Предпремиера на „Македонисимо“ на Трпчески во струшкото село Збажди

Редакција

Се укинуваат ограничувањата за влез во Црна Гора и Ирска

Редакција