Еден од нашите најуспешни македонски модели Павле Николовски повторно ја потврди својата успешна кариера благодарение на неговите ангажмани во Босна и Херцеговина.
Токму таму беше ангажиран од дизајнeрката Емина Хусеџиновиќ да биде во нејзината нова колекција (GRACIJA Magazin ), покрај овој ангажман следуваа и други помеѓу кои и сесијата за списанието Hello.
„Неговата интернационална кариера и секако неговата голема професионалност му донесоа одлични соработки во Белград, Загреб и Босна и Херцеговина. Паметиме дека минатата година беше и заштитно лице на српскиот бренд Barbosa.
Покрај неговата професионалност, Николовски успеа да го освои Балканот со карактеристичнатa руса коса и неверојатните пропорции. Во моментов се работи на уште еден голем проект во новата сезона, но да не ги откриваме сите детали“, велат од неговата матична агенција „Моделс Ин“ од Скопје.