еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Моќен спој на две вистински легенди: Влатко Стефановски и BMW Серија 3

Поатрактивен од било кога, новиот BMW Серија 3 седан ја доживеа својата македонска премиера. Компанијата М Кар, ја претстави седмата генерација на спортскиот седан.

Зрачејќи со динамичен дизајн, агилно управување, исклучителна ефикасност и иновативни елементи на опремата, новиот BMW ги присвојува сите карактеристики што се белег на еден BMW модел, а потоа неколкукратно ги подобрува. Седанот не само што го претставува јадрото на гамата на BMW Серија 3, туку е и срцето на BMW брендот.

BMW Серија 3, автомобил кој е продаден во повеќе од 15 милиони примероци ширум светот, за многумина беше и остана врвот на сите спортски седани. Новиот BMW Серија 3 седан доаѓа со значително зголемена спортска маестралност, нов дизајнерски јазик, опширни подобрувања во неговиот премиум амбиент и пионерска технологија за помош при возење, контрола и поврзување.

Се карактеризира со сосема нови интерпретации на традиционалните елементи на дизајнот како “Хофмаистер Кик”, бубрезите и фаровите.

Компанијата М Кар воедно го претстави и најновиот проект на македонска музичка легенда, Влатко Стефановски и легендарниот BMW модел. Познтатиот музичар, креираше своја верзија на препознатливото BMW звучно лого, кое увозникот го промовираше со кампања за новиот BMW Серија 3 Седан.

„Денеска, покрај лансирањето на новиот BMW Серија 3 на македонскиот пазар, ви претставуваме едно афтентично звучно лого креирано од Влатко Стефановски за BMW. Влатко од неодамна е наш задоволен клиент и член на BMW семејството, на што сме особено горди и задоволни од фактот што тој откако имаше време да го проба и искуси неговиот BMW автомобил, иако не станува збор за BMW Серија 3, од него имаме само пофални критики“, изјави Марко Јовановски- генерален директор на М Кар, на официјалната промоција.

Музичарот Влатко Стефановски изјави дека задоволството од соработката е обострано.

„Пред година дена ми дојде време да сменам автомобил и откако ги прошетав сите салони во нашиот град, мојот избор беше BMW X1. Помина една година откако го купив овој автомобил и досега имам поминато скоро 30.000 км, што зборува за моето интензивно патување и големото задоволство при возењето на тој автомобил.

Сум возел многу брендови пред BMW и сум пробал многу автомобили, имам големо искуство во возењето и патувањето и морам да кажам дека од се што сум возел досега, ова искуство на возење BMW е неспоредливо со ништо друго. Каде и да тргнам стигнувам релаксиран, одморен и со минимум стрес“, рече Стефановски.

BMW Серија 3 повеќе од 40 години претставува олицетворение на концептот за спортско задоволство во воз ењето во глобалната премиум-класа со средна големина. Влатко Стефановски, со музичка кариера подолга од 40 години, е еден од најголемите македонски музичари на сите времиња.

Со оваа уникатна изведба на препознатливото звучно лого на BMW од страна на Влатко, чест ни е да ја обелодиниме нашата симболична соработка со Влатко, кој како пријател на куќата ќе биде присутен во нашите активности оваа година, изјави Билјана Колемишевска, на официјалната промоција.

Новиот дизајнерски јазик на BMW го прикажува модерниот и динамичен карактер на новиот BMW Серија 3 седан со прецизно повлечени линии и впечатливо обликувани површини. Тој е подолг за 76 милиметри од својот претходник, поширок за 16 милиметри и само 1 mm повисок.

Меѓуоскиното растојание на автомобилот што е подолго за 41 милиметар и зголемената ширина на растојанието меѓу тркалата (предни + 43 mm, задни: 21 mm), пак, имаат директно и позитивно влијание врз неговото држење и агилност.

Големата BMW полукружна маска и предните светла што почнуваат од неа се доминантните теми на предниот дел на автомобилот. Нивната препознатлива двонасочна поделба е акцентирана од привлечен засек во предниот браник што се издигнува во обликот на предното светло.

Најголемо внимание се посветува на новиот 10.25-инчен централен информативен екран кој е прикачен на инструмент таблата. Квалитетот на материјалот и дизајнот на секој внатрешен елемент е на највисоко ниво досега во BMW Серија 3.

Помеѓу најважните карактеристи во иновација се: head-Up дисплеј со поголема површина на проектирање (+ 70%); Голем избор на системи за помош на возачот; BMW Live Cockpit Professional со BMW оперативен систем 7.0; Интелигентен личен асистент; Дигитален клуч; BMW Ласерски светла; Асистент за враќање во рикверц.

Почетните модели од понудата се 320i, 330i (190 КС или 252 КС)  318d, 320d, 320dx, 330d. Oд средина на месец јули, се очекуваат и M340i xDrive и 330e plug-in hybrid (ултраспортска BMW M Performance верзија и особено ефикасен модел со plug-in хибриден погонски систем.)

Новиот BMW Серија 3 е веќе во продажба, со почетната цена од 38.900 евра, за моделот 318d.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска се одржува „Скопскиот маратон“ ќе има посебен сообраќаен режим, еве кои улици ќе бидат затворени

Редакција

Прво да се потрошат залихите па ќе се намалат цените, вели Бектеши

Редакција

Хорор во кавадаречко: Ја искасапил сопругата со секира, па се самоубил фрлајќи се во Црна Река

Редакција