еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Монахињите во манастирот Рајчица прават сапуни со мед, козјо млеко и кал со сулфур

Еден од најубавите манастири во западна Македонија е тој во дебарското село Рајчица.

Тој е женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски манастир – Бигорски манастир.

Се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле. Сепак точната година на изградба на манастириските конаци е 1835 година во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандритот Арсениј од Галичник.

Монахињите чуваат кози и пчели

Неколкуте монахињи кои живеат во манастирот одгледуваат кози и пчели. Освен медот и прополисот, интересно е дека меѓу бројните работи што ги прават сами и продаваат, се и сапуните, со козјо млеко, кал со сулфур, мед, есенцијални масла…

Последните неколку години токму овде се праваат и божикните пештери, кои се вистински хит. Годинешниве веќе се изработуваат, а како што ни кажаа во манастирот побарувачката е голема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Непозната Македонија: Дебарско, еден од најживописните краеви во земјава

еМагазин во Дебар: Дебарчани убедени дека Груевски избегал од овде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се 20. најуспешни жени менаџери за 2022 година во избор на агенцијата „Марили“

Редакција

Во тек е трилатералната средба на Борел и Лајчак со Вучиќ и Курти во Охрид

Редакција

Основните трошоци за живот поскапени: За два месеци синдикалната кошница зголемена за повеќе од 400 денари

Редакција