еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

 (Галерија) Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија

Инспирирани од приказната за луксузниот и независен стил, компанијата „М Кар“ во својот продажен салон, во софистицирана елеганција, со престижна 7- степена гала вечера вчера ги промовираше трите водечки BMW модели од луксузниот сегмент.

Првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe, ја доживеаја својата македонска премиера зрачејќи со чиста моќ, префинетост и авторитет.

Во одлично расположение и воодушевени од моќните автомобили, присутните гости на официјалната промоција – највлијателната македонска бизнис елита како и ВИП, претставници на политичкиот живот и дипломатскиот кор, уживаа во несекојдневното премиум искуство.

Покрај промоцијата на авангардните автомобили, програмата вклучуваше кратка елегантна изведба на балетот „Лебедево езеро“ на Чајковски, како и рафиниран музички перформанс во духот на претставениот луксузен сегмент на брендот BMW.

Специјален гостин на настанот беше македонската музичка легедна, Влатко Стефановски, кој придонесе за неспоредлива енергија на настанот и со посебна стихотворна изведба – преработка на оргиналната реклама, сликовито го претстави сосема новиот BMW 8 Coupe.

Трите претставени премиум автомобили ветуваат луксузно моторно,но и духовно искуство и неверојатна слобода. Првиот BMW X7 не само што внесува нов член во семејството X, туку и дефинира прогресивен пристап кон луксузот за BMW брендот.

Со израз на уникатност, премиерниот BMW X7 е првиот автомобил кој ја спојува ексклузивноста на луксузен модел со големината и пространоста, при тоа пропратени со агилни и многубројни возни перформанси, типични за еден SAV модел.

Претставените модели се веќе во продажба. Понудата на мотор за новиот BMW 7 опфаќа бензински и дизел мотори со шест, осум и дванаесет цилиндри, како и сосема нов хибриден погонски систем. Кај новиот BMW X7 ќе бидат достапни BMW X7 xDrive40i, BMW X7 xDrive30d, BMW X7 M50d.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оставка поради Арсовска и од Борис Настов, директор на ЈП Улици и патишта

Редакција

(Видео) Ечеше „Бела чао“ наместо повик за молитва од џамии во Турција

Редакција

Данска е светски првак во ракомет

Редакција