еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Next door Park hotel-нов хотел во Скопје со урбан и „храбар“ стил

На денешната прес конференција Parkland Hospitality Group гордо го претстави својот најнов член – Next Door Park Hotel, којшто со својот карактер и комбинација на милениумски дух и храброст претставува вистинско освежување за Скопје. Next Door Park хотелот со 4 ѕвездички е новиот член на оваа групација и воедно новото поглавје од успешната приказна наречена Parkland Hospitality Group.

На прес конференцијата која се одржа во просториите на новиот хотел се обратија сопствениците и генералниот менаџер на Parkland Hospitality Group.

Би сакал да го искажам моето огромно задоволство и чест што и понатаму нашите идеи, вложувања и инвестиции го поставуваат Скопје рамо до рамо со останатите светски метрополи кои се лидери во хоспиталити индустријата. Ова е инвестиција од нови 6,5 милиони евра со која што ја потврдуваме и продолжуваме успешно започнатата приказна во оваа индустрија од пред 3 години”, изјави Енвер Малиќи, основач на групацијата Гемак, додека Алтин Малиќи, ко-сопственик во групацијата и главен виновник за успехот на веќе познатиот Park Hotel & Spa зборувајќи повеќе за новиот хотел додаде:

Next Door Park Hotel претставува еден вид канал преку кој ги имплементираме сите наши нови идеи, искуства и потреби коишто едноставно недостасуваат на нашиот град. Next Door Park Hotel е продолжение на визијата, на тој начин нудејќи им на нашите посетители поширок спектар на избор во поглед на карактер и вкусови, сето тоа преку услуга со врвен квалитет и светски стандарди“.

Генералниот менаџер на хотелот, Панајотис Колокатис како долгогодишен експерт во областа ја сподели тајната за врвен квалитет и услуга:

„Ова е доказ дека не се плашиме да експериментираме, да бараме совети и мислења од нашите клиенти и да се стремиме кон повеќе. Луѓето и гостите нè препознаваат, ја препознаваат нашата вредност и она што ни значи е нивната лојалност, доверба и нивното повторно и повторно враќање тука.“

Хотелот се наоѓа на самиот кеј на реката Вардар на само еден чекор од сестрата компанија и веќе добро познатиот Park Hotel & Spa. Хотелот располага со 64 соби и има капацитет за 200 посетители.

Секој тип на соба е засебна приказна и различен стил овозможувајќи им на гостите избор при нивното барање на сместување.

Веќе постоечкиот и добро познат Brick Eat, покрај досегашните улоги на место за забава и дружења отсега па натаму во нова улога и сосема ново руво, во чекор со сите светски трендови во секој поглед, од здрава и фит храна до вкусни медитерански специјалитети кои во комбинација со модерниот ентериер се искуство кое мора да се доживее.

Раскошната тераса и амбиентот на самиот кеј, создава пријатни моменти и атмосфера дури и во најтоплите денови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавена Шангајската листа, и годинава во првите илјада нема македонски универзитет

Редакција

Од безбедносни причини Пендаровски одложи интервју

Редакција

Ги демантираме лагите за препораките, несериозно е „славењето победа“ на бугарските историчари, велат од македонскиот тим на Историската комисија

Редакција