еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Незаборавно музичко патување со звуците на музиката од грчки филмови

Концертот на Фоивос Деливориос синоќа го исполни Клуб ресторанот МКЦ до последното место. Музиката од грчките филмови со задоволство ја слушаа присутните, а Деливоријас заедно со својот бенд ги поведе на незаборавно музичко патување.

На Фестивалот на грчки филм и култура денеска ќе бидат прикажани два нови грчки филмови од последните години. Во 18 часот во кино „Милениум“ е проекцијата на филмот „Следна станица: Утопија“ во режија на Апостолос Каракакис.

Кога грчката фабрика Vio.me. се затвора, група работници се одлучуваат на радикален чекор. Тие ја окупираат фабриката и се обидуваат да ја водат самите на принципот на директна демократија.

Нивниот подвиг инспирира активисти низ целиот свет, додека поранешниот сопственик е зачуден гледајќи го семејниот бизнис како преминува во симбол за издигнувачката радикална левица. За работниците, подвигот да се сврзе крај со крај и самоменаџирањето излегува дека е невидена авантура, полна со конфликти. Тие брзо сфаќаат дека за да успеат, првото нешто што треба да се смени се тие самите.

Апостолос Каракасис (1970) студирал филм и видео во Велика Британија на колеџот за уметност и дизајн во Западен Сури. Активен е на грчката документарна сцена повеќе од 20 години како режисер и монтажер.

Неговата работа за ЕРТ вклучува повеќе од 20 филмови на културни и историски теми, додека неговите сопствени филмови „98 години“ (1998) и „Национална градина“ (2009) се обата добитница на наградата од публиката солунскиот интернационален фестивал на документарни филмови. Тој е професор во школата за филмски студии при универзитетот „Аристотел“.

Од 20 часот во Кино „Милениум“ е филмот „Нејзина работа“, режија Никос Лабот.

Панајота за прв пат се вработува како чистачка им се надева дека ќе го даде својот придонес во семејството. И додека на работното место се соочува со сурова експлоатација, таа сепак смета дека ова е најсреќниот период во нејзиниот живот. Но ова чувство нема да трае долго, бидејќи зад аголот чека ѓаволчето со трозабец в рака.

Никос Лабот (1976) зад себе има неколку проекти како асистент режисер, а со своите три наградувани кратки филмови во првата декада од новиот милениум докажа дека пред него претстои добра филмска иднина.

По ко-режисерството со Јоргос Мустакис (Yiorgos Moustakis) на документарниот филм „Тhe Immortals at the southern point of Europe# (2013), минатата година конечно го сними својот целовечерен првенец, кој наиде на одличен прием кај критичарите и публиката, закитувајќи се со неколку фестивалски награди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Поради кражби, грчките земјоделци стават ГПС на маслинките

Редакција

Најмладото на 22-годишна возраст: Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција

ЕУОбсервер: Доведен во прашање слободниот визен режим на Западен Балкан со ЕУ

Редакција