еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Нов хотел во Охрид „Скај корнер“: Врвна храна и услуга

„Sky corner“ („Скај корнер“) е нов хотел во Охрид, и е место какво што, на нашиот туристички бисер одамна му недостасуваше. Врвната храна и услуга се обележјето на овој хотел, но и она што е исто така многу важно, гостите го добиваат тоа што го плаќаат (value for money).

„На Охрид му недостасуваат вакви објекти за да се подигне нивото на услуга. Факт е дека градот во последните години имаше многу проблеми со квалитетна понуда за сместување. Охрид доби хотел со кој може да се гордее, во кој е вложено многу енергија и новитети. Се обидуваме да следиме некои светски стандарди“, вели за „еМагазин“, менаџерот на хотелот Зоран Лолески.

„Скај корнер“ се наоѓа веднаш до Охридска банка и има сместувачки капацитет од 17 соби со вклучен салон за убавина, слаткара, ресторан и скај бар. Станува збор за „сити“ хотел, каде што може да се организираат и корпоративни настани. Ресторанот е со капацитет од 80 гости, а скај-барот 60.

Услугата е на завидно ниво, но тоа е така затоа што пред да се отвори објектот, осум месеци се работело на персоналот, односно поминале обуки и се стекнале со квалифакции.

„Во делот на послугата водиме грижа постојано да се надградуваме, посетуваме натпревари, и се што може да не подобри“, додава Лолески.

Она што не воодушеви во овој хотел е храната. Пробавме салата со козјо сирење и десерт „хазелнут“, која е најпродаваниот производ во „Скај бар“.

Обуката за приготвување на храна била направена од врвен готвач кој има долгогодишно искуство во ресторани со мишелин ѕвезди, и работи како консултант ( „FJ Culinary Consultants“)

„За слаткарата пак, беше најмен француски слаткар Џонатан Гале, кој три месеци обучуваше наши локални слаткари. Тој ни пренесе рецепти за слатки кои не се типични за Охрид. Имавме тестирање на 20 колачи од кои ние одбравме 10“, вели Лолески.

Не помалку важна е понудата на коктели, кои се подготвени од бармени, кои неколку пати биле државни прваци. „Скај корнер“ е во топ три во продажбата на коктели.

Имајќи предвид дека летово е прва сезона на работа на хотелот, има одличен одзив од страна на гостите. „Скај корнер“ е букиран до ноември, а веќе се прават резервации за Нова година. Рејтингот на „Букинг“ и онлајн платформите достигна висока оценка, што сведочи за задоволство кај гостите.

„Без разлика на социјалните мрежи, гласот на задоволен муштерија е најдобра реклама. Времето ќе покаже што му треба на Охрид, но коментарите се добри и вака треба да продолжиме. Потребно е многу да работиме за константно да бидеме со добар квалитет, услуга, ново портфолио“, додава Лолески.

Покрај на „Букинг“, за „Скај корнер“ може да се направи резервација и преку нивната веб-страница skycorner.mk.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Митко Бојмацалиев, заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада

Редакција

Министерството за култура вработува 4 службеници

Редакција

Европа и светот прават стратегија како да го скршат ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, вели Мицкоски

Редакција