еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Најпосакуваниот кросовер во Германија, сега и во Македонија

Новиот модел на Mitsubishi Motors, Eclipse Cross, отсега достапен и во Македонија. Не само што е нов модел, со атрактивен дизајн, туку содржи мноштво иновации кои се вистински новини во автомобилската индустрија.

Eclipse Cross претставува спој на перформанси од добро познатиот спортски модел EVO, како и изглед на купе и динамично SUV возило. Тој создава чувство на возбуда и инспирира налик на дијамантски прстен, кој се создава како ефект наречен „Еклипса“, феномен кој се добива при целосно затемнување на сонцето.

Многу угледни светски магазини за автомобилизам се изјаснија со највисоки оценки за новиот модел на Mitsubishi, меѓу кои и добро познатиот магазин Авто Билд, кој вели дека Eclipse Cross претставува нов импулс на брендот и со него, јапонците покажуваат храброст со дизајнот.

Според овој магазин, моделот остава одличен впечаток, изборот на материјали е добар, а изработката е сосема уредна.

По своето лансирање на светските пазари, Eclipse Cross почна да собира награди. Така на пример, тој е избран за кросовер на годината во Германија од страна на специјализираниот магазин за теренски возила „OFF ROAD“.

Исто така, ја освои и наградата „Good Design“, која се доделува од страна на јапонскиот институт за дизајн промоции. Слична награда за дизајн ја освои и на меѓународната организација за модерен дизајн и архитектура во Чикаго.

Технологија

Новиот Eclipse Cross е мошне интересна комбинација од спортски бензински мотор со зафатнина од 1,5 литри и развива моќност од 163 кс и истиот се карактеризира со убедливо ниска потрошувачка на гориво. На располагање е и дизел мотор со зафатнина од 2,2 литри и 150 кс.

Што се однесува до опременоста и опциите, како стандарден е достапен системот за избегнување или ублажување на удар во предниот дел на возилото. Со овој систем се спречува или намалува штетата ако судирот е неизбежен. Истиот се активира на возила и пешаци, преку камера и ласерски радар.

На располагање е и системот за предупредување при напуштање на коловозна лента, но и активната контрола во свиоци, ограничувач на брзини, говорни команди, систем без клуч за отворање врати, задна камера и автоматско долго светло.

Како опции на располагање се и автоматските менувачи со 8 брзини, системите за предупредување од слепа зона, head up екран, греење на управувач, грејач на ветробранско стакло, адаптивна контрола при возење и најсовремени мулти-комуникациски уреди и многу друго.

Повеќе инфо на www.mitsubishimotors.mk.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовската професорка Рабије Мурати дел од листа на 100 највлијателни жени во светот

Редакција

Браво: Наместо за прослава, Општина Кочани парите за 8. Март ќе ги даде за помош на жена-мајка

Редакција

А1, прва компанија во Македонија која им се заблагодари на новинарите за ангажманот во „корона-кризата“

Редакција