еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Новиот Range Rover Evoque претставен во Скопје

Вчеравечер, во срцето на Скопје, со современ динамички перформанс, премиерно беше претставен комплетно новиот Range Rover Evoque, луксузен компактен SUV, создаден за градот и надвор од него.

Во урбана, модерна атмосфера, пред широк аудиториум, вљубеници во британската премиум марка и пријатели на „Аутомобили Груп“, вниманието на гостите беше комплетно задржано на сцената со најновата креација од Land Rover.

Новиот Range Rover Evoque го постави Скопје рамо до рамо со светските метрополи и ги освои присутните.

Во чекор со новото време, дизајниран е да ја задржи својата доминација со нова технологија и технички иновации кои првпат се вградуваат во SUV сегментоти асоцираат на поголемите модели од гамата на Range Rover.

Создаден е за да се вртат по него, со префинетост и софистицираност што досега не се видени кај луксузен компактен SUV. Со раскошни природни материјали вовнатрешностa на кабината, дизајнот ја следи стратегијата на редукција и смиреност.

Новиот Evoque, како и сите возила на Land Rover, е создаден да одговори на мотото – Above and Beyond – да се биде над сè во сѐ и повеќе од тоа, да се оди подалеку.

Во официјалниот дел од програмата на присутните гости им се обрати врвниот менаџмент од компанијата за да ги претстави деталите за овој урбан SUV, кој со својот стил го обзеде и нашиот град.

За повеќе информации за новиот Range Rover Evoque посетете го салонoт на „Аутомобили Груп“ или страницата macedonia.landrover.com

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парламентите за младите: Пријави се на програмата на Парламентарниот институт „Имам став“

Редакција

Вангелов, Кузмановски, Бегова и Несими добитици на државната награда „11 Октомври“

Редакција

Скопскиот стартап DishWish ќе Ве храни здраво додека сте на работа или дома!

Редакција