еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) Новиот шопинг-мол во „Ист гејт“ ќе биде отворен во 2020 година: Ќе биде поголем од Сити мол и со многу нови брендови

При крајот на 2020 година во Скопје ќе се отвори една нова врата која ќе претстави нов урбан и современ дел на македонската престолнина.

Градежните работи ќе започнат на пролет следната година со изградба на трговскиот центар и четири станбени објекти за индивидуално домување, кој е во план да се заврши до крајот на 2020.

Процесите ќе бидат поделени во пет фази и ќе се одвиваат во период од пет до седум години. Им се дава предност на македонски градежни компании и „Ист гејт“ претпочита да работи со домашни производители. Сепак, нема да бидат изоставени и странските компании за експертизата за која што се потребни.

Овој комплекс ќе го унапреди Скопје во насока на модерен град и ќе ја зголеми вредноста на Општината Гази Баба со содржина, инфраструктура, уредени паркови и зголемена фрекфенција на посетители.

Проектот ќе ги задржи домашните купувачи во Македонија и ќе привлече нови гости и туристи од соседните региони. Годишниот промет се очекува да биде 120 милиони од кои 15 проценти од странци.

Местото е погодно за застанување на туристите кои транзитираат низ Македонија и патуваат кон Грција.

Менаџментот на инвеститорот „Балфин“ разговара за влез на голем број брендови, кои некои и за прв пат во државата и регионот и според првичните резултати 75 проценти од капацитетот на центарот се пополнети.Интерес за влез во трговскиот центар има од 30 брендови од областа на забава за најмладата, текстил, чевли, храна, а се очекува од 97 до 99 отсто исполнетост на молот на отворањето. Акцент ќе биде ставен на забавата на деца и тинејџери со понуда на различни содржини.

Шопинг-молот ќе биде поголем за 40 проценти од Сити мил.

Предвиден е паркинг под земја на две нивоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како ќе изгледа новиот комплекс „Ист гејт“ што ќе се гради на поранешен Скопски саем

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осигурениците нема да плаќаат партиципација за здравствени услуги поврзани со Ковид-19

Редакција

Некои пожари се предизвикани од искрење на жици на бандери или далекуводи

Редакција

Дури 81,6% од анкетирани 103 новинарки, се соочиле со онлајн вознемирување поради својата работа

Силвана Жежова