еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Новогодишна магија со култните автомобили „Буба“

Членовите на „Буба клуб“ Македонија и нивните пријатели-љубители на „Мини Морис“ со помош на Град Скопје викендов дефилираа низ Скопје накитени со новогодишни сијалички и огромен гумен Дедо Мраз.
Колоната од „Буби“ наиде на радост, насмевки и поздрави од минувачите, а возачите низ градските улици ги поздравуваа весело свирејќи со свирките од автомобилите.
Најмногу им се израдуваа најмладите, кои застануваа на улица и весело скокаа и ги поздравуваа.
Дефилето заврши на градскиот плоштад, каде нашите сограѓани им се израдуваа на накитените автомобили. Тие беа вистински хит – скопјани кои се затекнаа на градскиот плоштад вистински се израдуваа – и веднаш почнаа да се фотографираат со нив. Колоната од накитени „Буби“ одлично се вклопи во предновогодишната атмосфера на градскиот плоштад.
Членовите на клубот следната година ќе прослават 10 години постоење и најавуваат бројни активности. Тие и до сега беа мошне активни со низа акции, дефилеа, учество на меѓународни возења, а ова новогодишно дефиле е прво од ваков вид во градот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Националниот парк „Маврово“ ги збогатува содржините за авантуристички туризам: Се подготвува „Виа ферата“

Редакција

(Фото) ФК „Каменица Саса“ за секој гол ќе сади дрво, ги повика и другите клубови да се придружат во кампањата

Редакција

(Видео) Пејачката Сенида се заинтересира за танцот на ЕХФ Еуро во Скопје

Редакција