еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Нуркање на 2.218 м.н.в. на Големо езеро Пелистер

Членови на нуркачкиот клуб „Амфора„ викендов нуркаа на 2.218 метри надморска висина на Големо езеро Пелистер на Пелистер, информираат од клубот на нивната Фејсбук страна.

“На 27.10.2019 (недела) нуркавме на Големо Езеро Пелистер, Пелистер. Големото езеро спаѓа во леднични езера. Во најголем водостој е долго 233 метри, широко 196 метри, а најголемата длабочина изнесува 14.5 метри.

Иако видливоста беше ограничена поради планктон, под вода можат да се забележат воени ашовчиња, гранати, рачни бомби, цевки од пушки и пастрмки кои преживуваат и во најекстремни услови кога езерото замрзнува. За ова нуркање е потребен специфичен профил кој го изработи Jovan Sekuloski SSI AI Trainer.

Во одлична организација на Планинарскиот дом Димитар Илиевски-Мурато и Национален парк Пелистер National park Pelister експедицијата се реализира успешно“, велат од нуркачкиот клуб „Амфора„.

Фото: Фејсбук/Амфора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Јанакиески, Ристовски, Вељаноски и Атанасовски ќе им се суди за настаните во собранието од 27 април

Редакција

(Фото) Главата на Анте Поповски ја фрлиле во Охридското езеро, осквернавени бисти на македонски поети во Струга

Редакција

Вакцинацијата на децата против Ковид-19 нема да биде задолжителна

Редакција