еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Галерија) Подземната сообраќајница која ја гради Лимак ќе ги има едни од најголемите потпорни ѕидови во Македонија

Подземната сообраќајница која ја гради Лимак Скопје и која е дел од мултифункционалниот проект „Diamond of Skopje“ ќе има по две ленти во двете насоки, а меѓу нив и простор за две трамвајски линии.

Подземниот тунел е пак долг 800 метри и широк 37 метри.

На почетокот и на крајот од тунелот ќе се конструираат кружни текови за негово сообраќајно поврзување. Одговорноста за изградба на кружните текови ја има Град Скопје.

За изградба на тунелот се врши ископ со длабочина од 14 метри и се поставуваат едни од најголемите потпорни ѕидови – комбинација на дијафрагма-ѕидови и столбови – во Македонија, велат за еМагазин од Лимак Скопје.

За станбените згради, кои се дел од „Diamond of Skopje“, пак се поставува длабок фундамент со шипови со дијаметар од 100 см и длабочина од 22 метри, а над нив има бетонска темелна плоча со дебелина од 2 метри.

„Голем број локални компании се дел од проектот. Имаме 25 директни подизведувачи и 119 индиректни локални добавувачи.

Дополнително, нашите локални и меѓународни подизведувачи исто така ангажираат локални подизведувачи и добавувачи за нивната работа, така што проценетиот број на ангажирани локални компании за нашиот проект е над 200.

Просечниот број на градежни работници ќе се искачи на 1.200-1.300 во најинтензивните периоди, од кои 60-70% е планирано да се Македонци.

Исто така, интензивно соработуваме со локални јавни и образовни институции, како и со институти, како што е Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија“, вели Чагри Серен, проект менаџер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Како изгледаат и колку чинат становите во „Diamond of Skopje“ на Лимак групацијата

ЕКСКЛУЗИВНО: Први фотографии од „Лимак Скопје Хотел“

„Diamond of Skopje“ ќе ја има втората по големина зелена површина во Скопје

„Diamond of Skopje“ опфаќа површина од 45.000 квадратни метри, каде ќе биде сместен голем трговски центар и станбен комплекс кој првите станари ги очекува во 2022 година.

„Diamond of Skopje“ ќе ја има и најголемата зелена површина која се простира на околу 11.000 квадратни метри, втор по големина зелен појас во Скопје, веднаш по Градскиот парк.

Тоа ќе им овозможи простор за спорт и рекреација на жителите на „Diamond of Skopje“ во урбана средина, задоволувајќи ги потребите на модерниот човек, велат од компанијата.

Целиот комплекс ќе располага со затворен паркинг простор со 3.200 места.

Која е Лимак групацијата

Лимак е интернационална компанија, во која работат 60.000 вработени во градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности.

Во портфолиото на Лимак се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул Istanbul Grand Airport, мостот Чанак кале 1915 и новиот терминал на меѓународниот аеродром во Кувајт чија вредност е 4,3 милијарди долари и претставува најголемиот договор што е доделен на странска градежна компанија.
Лимак има активни проекти во повеќе земји во светот, како Русија, Украина, Косово, Албанија, Пакистан, Саудиска Арабија, Кувајт, Мозамбик и Брегот на слонова коска.

Вкупната вредност на реализираните проекти е над 10 милијарди долари, а има над 100 проекти, почнувајќи од аеродроми и пристаништа, преку брани и постројки за наводнување, експресни патишта и гасоводи, индустриски објекти и нафтоводи и објекти за одмор и комплекси за домување.

Лимак е рангирана на 61 место на престижната листа на 250 најдобри градежни компании во светот што ја прави ЕНР (Engineering News Records). Новото рангирање за Лимак е искачување за шест места погоре од минатогодишното рангирање кога компанијата беше на 67 место на истата листа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вознемирувачки снимки од уличните борби на Хамас и израелската војска

Редакција

Во Саудиска Арабија почна мировниот самит за Украина, без учество на Русија

Редакција

Прометот во индустријата лани зголемен за 13,5%

Редакција