еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Предлог-место за посета по завршување на кризата со коронавирусот: „Бел рај“ Миравци

Местото „Бел рај“ се наоѓа во гевгелиското село Миравци и е познато свртилиште на младите.

Познато е по добрите забави, а доколку сте љубител на кампувањето, местото е одлично за престој во природа.

„Бел рај“ е познато излетничко место за гевгеличани, но добро е оваа убавина да се сподели и со останатите, имајќи предвид дека летово ќе се потребни идеи за посета на места, доколку не може да се патува во странство поради кризата со коронавирусот.

Местото нуди и незаборавна можност за пливање во природни базени создадени од течение на река помеѓу карпи. Па освен што ќе бидете на чист планински воздух, ќе имате можност и за капење.

„еМагазин“ следниот период, како и до сега, ќе дава предлози за посета на убави ресторани, хотели, апартмани и дестинации низ Македонија, се со цел промоција на домашниот туристички потенцијал и за полесно да се преброди кризата која настана со корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Предлог-место за посета по кризата со корона вирусот: Плажа Оревче

(Фото) Маврово, предлог-место за посета по кризата со коронавирусот

(Галерија) По корона кризата, предлог-место за посета во нашата држава: Етно-куќа Благибог, Мариово

Фото: Фејсбук-профил „Бел рај“ Миравци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Османи го „сефтоса„ летот Атина-Скопје, прв помеѓу Македонија и Грција по 10 години

Редакција

Зделка вредна 10 милиони евра: „Гранит“ ќе го рехабилитира патот Крива Паланка-Деве Баир

Редакција

ГЕРБ на Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија

Редакција