еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Галерија) Прослава со ракометарите на Плоштад: „Уааа“ за Град Скопје од граѓаните и „никогаш Северна само Македонија“ од навивачите

Плоштадот и улиците низ центарот на Скопје синоќа беа преполни со граѓани кои дојдоа да ги пречекаат ракометарите на Вардар по освојувањето на втората европска титула.

Ракометарите пристигнаа половина час пред полноќ, а дотогаш немаше никаква програма за присутните на Плоштадот, освен пуштањето на неколку песни кои се повторуваа.

Кога ракометарите конечно пристигнаа се качија на сцена и еден по еден се заблагодарија на навивачите и на сите граѓани што дошле да прослават заедно со нив.

Голем дел од нив порачаа дека Македонија ја чувствуваа како своја и дека се чуствуваат и тие како Македонци…

Дел од нив го напуштаат Вардар и имаат потпишано договори со други клубови, а освојувањето на титулата претставува завршница на нивните кариери во клубот.

Од присутните граѓани можеше да се слушне едно силно „уааааа“ на секое спомнување на Град Скопје кој го плати чартер летот за ракометарите од Келн, а бројните навивачи порачаа неколку пати: „Никогаш Северна само Македонија“.

Генералниот впечаток е дека немаше некоја посебна организација на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русинот Шишкарев на прославата за Вардар: „Сакам да станам Македонец, барам една година пасош, но никој не ми дава“

(Видео+фото) Како градоначалникот Петре Шилегов го „виде“ пречекот на ракометарите на Вардар

„На плоштад Македонија умре Северна“: Твитер реакции за дочекот на Вардар во Скопје

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Само Груби не знае дека имал Ауди А6„: Твитер реакции за опожареното возило кое го користел Артан Груби

Редакција

Отстранет дефектот на цевковод во рудникот САСА

Редакција

„Новинарите на ИРЛ не се новинари“: ЗНМ со остра реакција за пресудата на судијката Панева

Редакција