еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Галерија) Првите гости пристигнаа: Отворени кафетериите и рестораните

Времето барем во Скопје не им се погоди, но првите гости им пристигнаа. Од денеска по пауза од речиси два и пол месеци кафулињата и рестораните ги отворија своите порти.

Екипата на еМагазин прошета по Дебар маало, каде се наоѓаат едни од најдобрите ресторани и кафулиња во Скопје, каде беше веднаш видливо дека сите ги почитуваат новите протоколи за работа на угостителските објекти во време на пандемија со корона вирусот.

На секоја маса има средство за дезинфекција, масите се одалечени, вработените се со маски…

kafana2kafana 2kafana3

Угостителите со кои разговаравме се среќни што продолжуваат со работа, а времето ќе покаже колку тоа ќе им се исплати, имајќи ги во превид новите правила за работа.

Како што е познато за сега можат да работат само угостителските објекти кои имаат отворен дел, а во следната фаза како што најавија здравствените власти е планирано да се отворат и затворените делови, под посебни услови.

Угостителските објекти засега ќе работат од 8 наутро до 22 часот навечер.

ШТО ПРЕДВИДУВААТ ПРОТОКОЛИТЕ

На секоја маса во угостителските објекти ќе може да седат по максимум четири лица, стои во протоколите за кафетериите и рестораните.

Ќе работат само отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Сите вработени кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и зачестено да одржуваат хигиена на раце.

Се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Во протоколите е наведено и дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси треба да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Според протоколот, дозволен е максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри.

На секоја маса треба да има дезинфекциско средство за раце, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена – често миење раце при прием и послужување на храна од страна на одговорно лице.

ЗАБРАНАТА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ СВАДБИ, РОДЕНДЕНИ… СЕ УШТЕ ВАЖИ

Протоколите наложуваат и засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100)  или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Редовното одржување на тоалетите е исто така задолжително, со водење евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства. Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Организирање на прослави, свадби, родендени, крштевки, во оваа фаза е забрането.

Угостителскиот сектор е еден од најпогодените од „корона“ кризата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тетекс“ станува компанија за издавање недвижнини

Редакција

Ламбе Алабаковски добивал смртни закани по опожарувањето на клубот „Ванчо Михајлов“

Редакција

Ветерот го расчисти воздухот во Скопје, престануваат да важат мерките

Редакција