еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Рагуза: Задоволство и предизвик ни беше да готвиме за папата Франциск

Вкусна и квалитетна храна, ексклузивно уреден простор и пријатен амбиент со 360 степени поглед на главниот град Скопје е ресторанот за свадби и настани Рагуза360. Руфтопот е дел од брендот Рагуза кој подготвува настани за државни институции, дипломатски претставништва, компании како и ВИП приватни настани, свадби, родендени, крштевки.

„Да се гради бренд во угостителството во нашата земја цели 25 години потребна е посветеност и постојано инвестирање во иновативни технологии за храната, нови специјалитети и модерен внатрешен дизајн со пријатен амбиент за секоја пригода. Еден од предизвиците и задоволствата беше и моето готвење за папата Франциск, кој имаше можност да вкуси од нашите приготвени специјалитети“, вели Мирко Голомеиќ, сопственик и главен готвач во Рагуза.

Рагуза360 е современ ивент центар специфичен по својата локација и амбиент, уреден со модерен минималистички ентериер и нота на софистицираност со цел да ги дизајнира вашите најважни настани од животот.

„Кога го креиравме проектот Рагуза360 сакавме да направиме уникатно место за настани и свадби. Атрактивната локација, ентериерот и вкусната храна надополнети со беспрекорната услуга со сигурност создаваат комплетно уживање во вашиот најсвечен ден од животот“, додаваат Перица и Гоце Голомеиќ, менаџери и споственици на ресторанот Рагуза360.

Под брендот Рагуза во моментов работат 4 објекти распространети низ градот Скопје: Рагуза360 во Центар, ресторанот Парк и игротеката Киндер Парк во Градски парк и Вила Рагуза на Водно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трифонов потврди дека го напуштаат дел од пратениците, го обвини Петков дека ги купил

Редакција

ИТНО се потребни нулта позитив тромбоцити, за петгодишно детенце коешто боледува од леукемија

Редакција

Пендаровски го назначи Фрчкоски за ополномоштен амбасадор во ОН

Редакција