еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Галерија) Разлики и сличности: И двајцата имаат по две деца, Заев и Ципрас приватно

Македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе бидат запишани во историјата на односите на двете земји, како политичари кои го решиле спорот за името Македонија.

Договорот од Преспа доби широка меѓународна подршка и беше поздравен, но истиот наиде и на неоодобрување во двете земји. Како истиот ќе се одрази на нивните политички кариери останува да видиме.

Во меѓувреме Ви ги преставуваме двајцата премиери приватно.

 

За разлика од Заев, кој е долги години во брак, Ципрас, кој денеска е во прва официјална посета на земјава, е во регистрирано партнерство со Перистера Бети Базиана, која е инжинер за енергетика и компјутери, по професија и со која има два сина, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Се запознале во далечната 1987 година, во училиште кога имале по 13 години.

Помалиот син се вика Ернесто, во чест на кулниот Чегевара.

Интересен детал од приватниот живот на Ципрас е дека е голем фан на фудбалот, а себе си се дефинира како атеист, во земја во која црквата има големо влијание на сите нивоа, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Топ тема кога се во прашање неговите две деца во грчките медиуми пред неколку години беше одлуката на Ципрас синовите да ги прати во приватни училишта, што се коси со неговата екстремно лева ориентација, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Со сопругата уште од тинејџерски денови се „заколанати“ левичари.

И Заев како што е познато, има две деца, ќерка и син, Александар и Душко.

Со неговата сопруга Зорица исто така се знаат со години, речиси од деца, а во врска се од 1995 година.

Заев, како и Ципрас политички е лево ориентиран, а за разлика од Ципрас има голема пасија за мотори.

Заев се дефинира како верник, а за разлика од Ципрас, во политика влезе како човек од бизнисот.

За Договорот од Преспа, Заев и Ципрас се номинирани и за Нобеловата награда за мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Откри ли повторно Александра Заева, каде е на скијање татко и?

(Фото) Семејството на Заев на патување во Франкфурт

(Фото) Зоран и Зорица Заеви на оперски бал во Виена

Фото: македонска Влада/Грчка Ввлада/Заев/Фејсбук/peoplegreece.com/flashnews.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за вработување склучи договор со Семос компјутерски образовен центар вреден 987,9 илјади евра

Редакција

Угина последната жирафа во скопската Зоолошка градина

Редакција

САД ги поздравија напорите на Франција за тргање на бугарското вето, подготвени се да го олеснат компромисот

Редакција