еМагазин
Image default
Техно

(Фото) Samsung Galaxy Tab S6: Нов таблет кој ја надградува твојата креативност и продуктивност

Денес Samsung го најави Galaxy Tab S6 – нов таблет кој им овозможува на луѓето да создаваат и да се поврзуваат, да уживаат во забавни содржини и да ги остваруваат своите цели каде и да одат.

Направен за оние кои имаат потреба да ја задоволат својата љубопитност и да ги изразат своите креативни таленти, Galaxy Tab S6 им овозможува на корисницете да прават многу повеќе отколку на било кој таблет претходно.

„Денешната инспирација доаѓа во моментот и без најава и затоа креативците и професионалците имаат потреба од уред кој може да држи чекор со нивната незаситна имагинација додека го надополнува нивниот зафатен, секогаш – во – трк начин на живот,“ рече DJ Koh, претседател и CEO на одделот за IT и Мобилни комуникации во Samsung Electronics.

„Galaxy Tab S6 им овозможува на корисниците да ја отклучат својата креативност, во меѓувреме нудејќи карактеристики за продуктивност и напредна технологија кои се на врвно ниво и кои секогаш се очекуваат од таблетите на Samsung“.

Редизајнираниот S Pen ги зајакнува креативноста и продуктивноста

Добро познатиот S Pen на Samsung започна како инструмент за пишување и цртање, но еволуираше во врвен партнер на креативноста и продуктивноста. Сега, со фунцијата за далечинско управување и можностите за безжично полнење, S Pen на Galaxy Tab S6 им дозволува уште поголема моќ и контрола на своите корисници.

Со вградената BLE функционалност за далечинско управување вклучувајќи и функција за гестикулација наречена S Pen Air actions, S Pen ви дозволува интуитивно да правите селфиња и видеа или да ја контролирате мултимедијалната содржина која ја креирате дури тогаш кога таблетот не е во ваши раце. Плус, S Pen има и безжично полнење кое испорачува и до 10 часа траење на батеријата , со само десет минути полнење.

Правењето на белешки со S Pen на Galaxy Tab S6 е многу лесно. Рачно напишаните Samsung Notes може да се конвертираат во дигитален текст и да се експортираат во формати како Microsoft Word со само еден клик.

Воедно, во исто време може да си забележувате или да скицирате додека гледате видео на истиот екран, со подесување на транспарентноста на прозорчето на Samsung Notes – перфектно за мултитаскинг без воопшто напор.

Нова и надградена верзија на Samsung DeX е спакувана во Galaxy Tab S6, овозможувајќи ви беспрекорна транзиција во искусување на PC-концепт, за полесен мултитаскинг и оптимизирано искуство на гледање.

Со DeX функционалното копче додадено на новата посветена Book Cover тастатура на Galaxy Tab S6, можете да го стартувате и затворате DeX со притискање на само едно копче. Тастатурата е подесена за подобра функционалност, вклучувајќи и држач за S Pen, бесплатен држач под агол, touch pad и нови копчиња за одредени функционалности.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

53.778 членови има на „Вибер“ каналот на кој се споделуваат официјални информации за корона вирусот

Редакција

Како помина првиот ден на АмЧам Конференција посветена на дигиталната трансформациja и сајбер безбедноста

Редакција

Дури пет моќни нови уреди на компанијата Samsung

Редакција