еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Семејството Заеви дадоа поддршка на модната ревија на децата со попреченост

Во хотелот „Вила парк“ во Струмица, по втор пат се одржа модната ревија „Убави сме, свои сме“ на која што учествуваа деца со попреченост од повеќе градови во Македонија, а придружувани од познати лица од повеќе области.

Децата на модната писта чекореа заедно со градоначалниците на Струмица и Валандово, Коста Јаневски и Перо Костадинов, шефицата на кабинетот на претседателот на Владата, Мирјана Јанева, ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра, внуката од брат му Вице, Ева, како и со познати лица од естрадата, спортот, бизнисот и претставници на различни граѓански организации.

На ревијата присуствуваше и сопругата на премиерот, Зорица.

На модната ревија лани учествувале 15, а годинава 30 деца, а вниманието кон оваа категорија на граѓани се зголемува, што е и целта на самата манифестација.

Организаторите најавуваат дека настанот ќе прерасне во традиционален.

Фото: Општина Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ламбе Алабаковски ја обработи „Дејгиди луди млади години“

Редакција

(ВИДЕО) Почна вакцинацијата против Ковид-19 на првите здравствени работници

Редакција

„Спектартермо“ го доби тендерот на ЕСМ за замена на затворачи на турбини во три хидроцентрали вреден 1,5 милиони евра

Редакција