еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Галерија) Силјановска приватно: Има две деца, слуша рокенрол, практикува јога

еМагазин во серијал приватно Ви ги преставува тројцата кандидати за претседател на државата.

Гордана Силјановска приватно

Гордана Силјановска Давкова е единствената жена кандидат на овие избори за претседател на државата.

Пред да почне изборната кампања невкусна „тема“ беше нејзиниот физички изглед и беше „споредувана“ и со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

„Деновиве ме линчуваат јавно за тоа како изгледам и колку години имам. И ме споредуваат со “лажни” слики на политичарки. Не дека немам попривлечни фотографии во бекини на тие години ама јас не прифаќам да бидам инспирација на мажите! Сакам во политиката да покажам дека жените создаваат уметност на можното“, одговори Силјановска за коментарите за нејзиниот физички изглед.

Родена е на 11 мај 1955 година во Охрид, а пораснала во Скопје.

Родителите и се по потекло од Кичево, а како што неодамна сподели на својот Фејсбук профил, горда е и на својот дедо, кој бил партизан.

Интересно е кога сме кај Фејсбук, да се забележи и дека таа нема никаков проблем да споделува приватни работи и фотографии од семејството.

Како дете нејзина страст биле ролшуите, па била и првенка во нивно возење во Скопје.

Со години е вегетерјанка, а како што видовме неодамна практикува и јога, а сака и да пешачи.

Не крие и дека е голем љубител на музика, посебно на рокенрол.

Со сопругот Благоја е во брак триесетина години, а и тој пред да стартува изборната кампања се најде во фокусот на медиумите и кај конкурентите.

Имено во периодот од 1992 до 1994 година, Силјановска за прв пат влегува во политиката како министер без ресор. Токму од тој период потекнува и информацијата дека нејзниот сопруг добил лиценца за отварање на фришоп.

Силјановска негира дека нејзината тогашна функција помогнала да нејзиниот сопруг ја добие таа лиценца и постојано порачува дека тоа прашањето треба да го одговори тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчковски.

„Фришопот постоел, тоа не го негирам, но не сум учествувала во никакво доделување“, вели Силјановска.

И тој како нејзе е правник, кој е во пензија.

Имаат две деца, ќерката Марија и синот Павле, кои се исто така правници.

Пред извесно време топ тема во медиумите и на социјалните мрежи беше и Павле, откако се појави негова фотографија како свири кавал во паркот во Скопје.

“Како граѓанин и уште повеќе како професор, уште пред да влезам во претседателската трка, знаев дека кампањата ќе биде валкана.

Знам дека за политичките страсти понекогаш нема ни врв ни дно; свесна бев дека со стапување на политичката сцена на удар ќе бидам изложена не само јас, туку и моето семејство.

Хајката од вчера продолжува со удари врз децата. Ова не е првпат да ми се случи она „да ја дискредитираме Сиљаница, ако треба и со удирање по децата“.

Издржав тогаш, ќе издржам и сега – но, нема да паднам ниско да враќам на ист начин.

Се натпреваруваме како личности, но и со програми, да ги оставиме децата на мир, и нашите и туѓите“, речираше на вовлекувањето на нејзиниот син, Силјановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Стево Пендаровски приватно: Благороден и необично духовит татко

(Галерија) Блерим Река приватно: Има три деца и е дедо на две внуки и два внучиња

Фото: Фејсбук/Силјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 241 нови случаи на заболени од корона вирусот во Македонија

Редакција

Утре пороен дожд, грмежи и заселен ветер, најавува УХМР

Редакција

Анѓушев: Да се набави мазут за ТЕЦ „Неготино“ и да се овозможи ТЕ-ТО да работи во текот на зимата за спас од високите цени на струјата

Редакција