еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Скопје доби уникатна поп ап продавница за мебел од метал

Ентериерот од метал на новата поп ап продавница „Калико“ е новиот тренд за да го освежите домот, канцеларијата или викендицата. Уникатните парчиња на „Калико“ можете да ги најдете во трговскиот центар Сити Мол на првиот кат. На отварањето присуствуваа архитекти, бизнисмени и пријатели на компанијата.

„Овој пат се решивме да понудиме и нешто малку поинаку и да го преточиме нашето долгогодишно искуство, визија и естетика во една по урбана колекција достапна за сите. Се потрудивме да размислиме на секој аспект од денешното живеење и да имаат сите можност да си купат модерни и безвременски парчиња, кој ќе го збогатат вашиот дом и ќе донест нова убавина и енергија“, вели Ивана Јосимовска, архитектка и сопственичка на Калико поп ап продавницата.

Поп-ап сторот ќе биде отворен 2 месеца, декември и јануари и сите ќе имаат можност да си купат дизајнирни мали масички, клуб маси, декоративни елементи како држачи за весници, држачи за книги, закачалки со огледало.

Ќе имаат ексклузивна можност да си порачаат полици од метал и дрво по мерка, како и детско катче кое е со уникатни полици за во ѕид, полици буква и уште многу интересни дизајни.

„Моментално на пазарот постојат голем број на увозни парчиња мебел од овој тип кој не се со висок квалитет, а имаат висока цена. Она што ние го нудиме е продукт со врвен квалитет, софистицирани дизајни кој буквално ќе останат во вашиот дом со генерации а носат иста цена како и споменатите увозни парчиња“, додава Јосимовска.

Калико како компанија 25 години работи на пазарот со рачна изработка на железо, креираат уникатни дизајни по нарачка, имаат работено за хотели, болници, државни објекти, но ова е прва поп ап продавница во која имаат  модерен и уникатен мебел.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) НЛБ Банка со нова современо опремена експозитура во Тафталиџе

Редакција

НЛБ Банка со посебни поволности за кредитите за физички лица

Редакција

Млади фудбалери од повеќе од 40 националности се натпреваруваа на меѓународен турнир во Скопје

Редакција