еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Свечен настан на АБИТ: Важноста на двојното образование во банкарскиот и финансискиот сектор

Во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) и Институтот за бизнис и менаџмент, Heidelberg-Skopje, денеска се одржа свечен настан во просториите на Македонска Берза АД Скопје.

Целта на настанот беше да се истакне важноста од двојното образование кое што го нуди академијата и институтот, а придонесува за поголем развој на банкарскиот и финансискиот сектор.

На настанот со поздравен говор се обрати извршниот директор на АБИТ, а потоа на присутните се обратија и Ото Граф, заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел на Германија, Елизабета Наумовска – заменик министер за образование и наука и Лујза Томовска- самостоен советник во Комисија за хартии од вредност.

Гости на настанот беа и Билал Суџубаши, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на ХАЛК Банка АД Скопје, проф. д-р Љубе Трпевски, Беркан Имери, финансов директор на ХАЛК Банка АД Скопје,  Бесим Билали од Развојна банка, Весна Срцева и Мухедин Авдиќ од Управата за јавни приходи, Марина Наумовска од Германска амбасада во Република Северна Македонија и други.

Говорниците ја истакнаа важноста на едукацијата и дообразованието во банкарскиот и финансискиот сектор. Тие сметаат дека двојното образование кое што се нуди во АБИТ е одлична шанса во нашта земја да се внесе германската едукација и да се примени во македонска пракса од професионалци кои ќе ги завршат курсевите и семинарите во АБИТ. Говорниците истакнаа дека се потребни помлади и похрабри кадри во бакарскиот сектор во земјата.

АБИТ е единствената образовна организација во земјата која што е придружна членка во највисокото тело за специјалистичко и стручно банкарско образование во ЕУ, Европската тренинг асоцијација EBTN, која што е во состав на Европската банкарска федерација.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каде јадат шампионите на РК Вардар?

Редакција

„БК мебел“ со нова летна акција и попуст до 33 %

Редакција

Акцијата на Sport Life „Навиваме заедно за Македонија“ обезбеди над 700.000 денари за Центарот за деца со аутизам Охрид

Редакција