еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) Спасовски кроеше лозје кај Светозар Јаневски

ВВ „Тиквеш“ и годинава, на винскиот локалитет „Лепово“, ја продолжи традицијата на симболичното закројување на лозјата во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозарите и винарите.

Свечениот чин на закројување го извршија техничкиот Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, генералниот директор на винарницата, Радош Вукиќевиќ и претставници на менаџментот на винарницата.

Присутните претставници на дипломатскиот кор и на институциите, партнери, соработници и пријатели, лозарите и винарите си посакаа уште една плодна година, со услови наклонети кон квалитетен род и производство на врвни вина.

„Овој празник не е само традиција. Тоа е ден кој за сите нас, поврзани со лозарството и винарството, е симбол за нов циклус, кој ќе донесе нови предизвици и уживања во виното. Се надеваме на поволни услови и здрави лозја, за да создадеме врвно вино. Нашите активности се исто така насочени кон минимизирање на влијанието врз животата средина соочени со глобалните климатски промени.

Притоа, применуваме одржливи земјоделски практики и ја намалуваме емисијата на стакленички гасови. Во таа насока, работиме на проект со кој „Тиквеш“ ќе биде првата „зелена“ винарница во овој дел од Европа,“ изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ, честитајќи им го празникот на сите лозари и винари, како и на љубителите на виното.

Инаку, винарницата во законски пропишаните рокови ги исполни финансиските обврски кон лозарите за откупеното грозје во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Царовска и Жбогар на закројување на лозје во „Попова Кула“ во Демир Капија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

135 лица до 19 години во Македонија заразени со коронавирусот, просечната возраст 46

Редакција

Виталиа за суперанализите на АХВ: Набавените суровини се во согласност со регулативата на ЕУ

Редакција

Општина Кисела Вода вработува шест лица, плата до 24.451 денари

Редакција