еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) Светот го има Холивуд, а ние Глувовуд на Скопска Црна Гора

Gluvo Wood се наоѓа на Скопска Црна Гора, а буквите изградени од бетон се во должина од 50 метри. Неодамна тие беа осветлени и совршено изгледаат навечер кога го осветлуваат ридот, во близина на црквата Св. Атанасиј, во близина на село Глуво.

„Светот го имаат Холивуд и Боливуд, зошто не и ние Глувовуд. Буквите се ставени над црквата која е изградена за две години со 150.000 евра донации од народот. Овде има и бунар, кој исполнува желби на оние кои веруваат. Празникот на црквата е 15 мај кога е летен Св.Атанасиј и 31 јануари кога е зимски“, вели за „еМагазин“, Јовица Кукуновски, кој е иницијатор на Глувовуд.

Идејата, според Кукуновски е местото да се заживее со забавни манифестации, концерти, настап на пејачи на отворено. Исто така во план е изградба на жичара од селото до местото.

Кукуновски вели дека се што прави, идеите се негови но сепак Сашо Јанкуловски, Ивица Томашевски, Јовица Рајчевски, Горан Јанкуливоски, Звонко Живковски, Драги Буртуш, Дамјан Кукуновски, Гоце Живковски помагаат во реализацијата, местото да стане познато и да го посетуваат голем број на туристи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Најмалку 32 загинати во судир на товарен и патнички воз во Грција

Редакција

Левица нема да учествува во работната група за уставни измени

Редакција

Регулаторната комисија за енергетика вработува четири лица, плата до 54.605 денари

Редакција