еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

(Галерија) Тајната есенска градина на Women’secret

Women’secret креираше специјализирана колекција со уникатни парчиња кои добиваат нов, обновен изглед и многу детали.

На моделите можете да најдете повеќенаменски прерамки, набори од тантела, украсен накит, а особено внимание е посветено на изгледот на грбот. На деликатните парчиња преовладува розова и боја на малина. Пижамите и ноќниците добиваат уште поромантичен изглед со принтови на флорални мотиви и точкест „polka-dot“ дезен во црна, месо-боја и повеќе нијанси на окер.

Одбирањето на идеалниот градник не е секогаш лесно, но кога ќе го најдете совршениот модел, на среќата и нема крај.

Еден од првите новитети е обновената линија на градници кои го слават секој облик на жената. Затоа градниците добија имиња за полесно да можат  да се запомнат. Моделите се мултифункционални, прерамките можат да се отстрануваат или да се преклопуваат, достапни се во различни материјали и форми, а изборот на броеви е зголемен.

Инаку, оваа сезона брендот слави 25 години постоење, па во следниот период очекувајте специјална кампања по повод овој јубилеј.

Во овој момент, уживајте во есента во сензуални и романтични парчиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој дојде на прославата на ССК во „Воденица-Мулино“

Редакција

По 18 месеци преговори Британија и официјално се збогува со ЕУ

Редакција

На продажба атрактивен деловен и магацински простор на „Авиоимпекс“

Никола Осило