еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Успешен и убав: Петар Костовски e синоним за вистински борец

Во модниот свет постојано се случуваат неверојатни соработки, сведоци сме во последно време дека спортистите се повеќе рекламираат модни брендови и стануваат заштитни лица. Таквиот тренд полека, но сигурно се случи и во нашата земја.

Најуспешниот државен првак во пинг-понг неодамна стана дел од модната агенција „Моделс ИН“.

За Петар Костовски доволно е да се каже дека првиот медал го освојува на 8 години, како и освојувањето на Државно првенство за сениори како најмлад во историјата на македонскиот пинг-понг.

„Заради добрата форма и кондиција како и сите врвни спортисти, Петар многу вложува во себе преку напорни тренинзи и припреми. Би сакале многу повеќе модели да бидат посветени и истрајни како Петар. Кога некој е во одлична форма и притоа супер изгледа нас ни е предизвик да работиме и да постигнеме заеднички успех во моделингот. Во тек се неговите подготовки за светското првенство во Унгарија, Будимпешта, а потоа ќе може да се посвети на модните ангажмани кои му се нудат“, вели модниот агент Алек Наумовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Велес вработува седум лица, плата до 37.625 денари

Редакција

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како една партија во однос на даночните политики

Редакција

МВР објави оглас за 600 нови полицајци: Кои услови треба да ги исполните

Редакција