еМагазин
Image default
Забава

(Галерија) Вечерва во Битола – Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе ги затворат Илинденски денови

Вечерва на Хераклеа од 20:30 часот со концертот на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ свечено ќе бидат затворени Илинденски денови, интернационален фестивал на народни песни и игри кој по 49-ти пат се одржува во Битола.

Во изминатите 4 фестивалски денови градот под Пелистер беше центар на светскиот фолклор.

Над 1.500 учесници од Италија, Белгија, Мексико, Индија, Израел, Русија и од нашата земја на официјалната фестивалска сцена, но и на многубројни локации низ градот го презентираат најдоброто од својот национален фолклор.

„Фестивалските денови изобилуваа со низа активности, изложби, фолклорни танци, на различни локации со учество на држави од три континенти. Настанот го завршуваме со концерт на музичарите кои негуваат фолклорни елементи во нивната музика, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ вечерва во Хераклеа. Ве покануваме да бидете наши гости и да уживате во концертот“, истакна Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура Битола.

Илинденски денови како фестивал претставува столб за чување на автентичната и народната култура на Балканот и во светот.

Во 2017 година, во Индонезија на еден од светските конгреси на CIOFF (Council of International organizations of folklore festivals & folk arts), Илинденски денови се сертифицира како CIOFF Festival, со што се приклучува во 100-те најреномирани фолклорни фестивали ширум светот.

Фестивалот ги исплонува сите строги критериуми на оваа светска организација, која е официјален пратнер на УНЕСКО, акредитирана од неговиот комитетот за чување и промовирање на традиционалната култура и фолклор кои се нематеријално светско културно наследство.

Фестивалот е финансиран од Собранието на Република Северна Македонија, Министерството за култура, Општина Битола и со донации од јавни и приватни компании.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прославениот концерт-мајстор на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ ќе настапи во Скопје на 16 октомври

Редакција

(Видео) Лозано со нов хит „Бариера„

Редакција

Скопје ЗОО добива Авантура парк за деца 

Редакција