еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Галерија) Ветерот во Скопје ја однесе фасадата на МЕПСО, оштетени и други објекти од „Скопје 2014„

Синоќешното невреме во Скопје со силен ветар ја „однесе„ и фасадата на зградата на државната компанија МЕПСО, која е „облечена“ во рамките на мега проектот „Скопје 2014„.

Фотографии од оштетувањата на овие објекти на својот Фејсбук профил објави, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР: Ветерот во Скопје дуваше со брзина од 100 километри на час

(Галерија) Силниот ветер синоќа откорна дрвја, сруши бандери, летаа кровови на Партизанска

“Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот Скопје 2014 е и небезбеден за животите на луѓето. Зградата на АД МЕПСО… За Скопје 2014 … Причина повеќе за оние кои се сомневаа (за жал ги има, од сите политички провиниенции) дали треба да се реши Скопје 2014.

Да се разбереме. Скопје 2014 мора да се реши. Сега и веднаш. Најбрутално. На истиот начин на кој што го силуваа нашиот град. Почнуваме после изборите.

И да !!! Конечно да (ќе) има одговорност за ова лудило“, напиша тој.

Проектот „Скопје 2014„ првично беше предвидено да чини 80 милиони евра, за на крај сумата да порасне на над 620 милиони евра, а трошоците поради одржувањње на објектите продолжуваат да растат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Скопје 2014„ го „изеде“ времето

Парите за „Скопје 2014“ Мицкоски би ги потрошил за нешто друго

Фото: Шилегов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако има промена на рестриктивните мерки, би се однесувале само за влез на границите

Редакција

РФМ собра 1.372.550 денари за „СОС Детско село“ од билетите за хуманитарниот ракометно-музички спектакл

Редакција

(Галерија) Струмички Concept се шири, отвори и ресторан

Редакција