еМагазин
Image default
Забава

(Галерија) Викендов Скопје звучеше како светска метропола со Telekom Electronic Beats Picnic

Скопскиот Градски парк минатата сабота (21.09) беше домаќин на уникатен настан под името Telekom Electronic Beats Picnic, на кој присутните се забавуваа со електронските звуци на домашни и странски диџеи, гледаа музички документарни филмови, беа опкружени со изложби на облека и рачни изработки.

Цел ден скопјани се забавуваа во ритамот на современата електронска музика на светски познатите Llorca (Art of Tones) и Jus Ed, како и големиот број домашни диџеи кои се појавија на сцената во Градскиот парк.

Настанот почна во 11:00 часот со сетовите на диџеите на СкопскиGroove, а потоа DJ Чваре, Mosaik Kolektif, Еми Ермилова, Катеринa Mileskaya, Зоки Бејбе и Алек Солтиров ја забавуваа публиката до зајдисонце, кога на диџеј пултот се појави францускиот „nu jazz“ пионер, Llorca (Art of Tones).

По крајот на неговиот сет на сцената покрај езерцето настапија Виктор Апостолски и Андреј Мицајков, за потоа во новиот ден да нѐ воведат сировите андерграунд звуци на американскиот DJ Jus Ed.

Програмата ја затворија добро познатите Robotek и Бодан Јамакоски околу 02:00 часот по полноќ наредниот ден, а дел од сетовите можеа да се проследат преку стрим во живо на официјалниот Фејсбук профил на Telekom Electronic Beats.

Изведувачите и бројните гости заедно придонесоа да го испратиме летото со журка за која ќе се зборува и наредните месеци. За момент, Скопје беше обоено во магента и звучеше како модерна европска метропола. Погледнете ја галеријата од Telekom Electronic Beats Picnic, бидејќи фотографиите најдобро ќе ви ја доловат атмосферата од настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”

Редакција

(Фото) Благица Павловска наполни 60 години, доби торта со нејзниот лик

Редакција

(Галерија) Трет ден Моден викенд Скопје

Редакција