еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) Владимир Чадиковски е официјално лице на Volvo за Македонија

Автомобилот на годината за 2018 Volvo XC40 и Мажот на годината за 2018, д-р Владимир Чадиковски склучија моќно партнерство. Доктор Владимир Чадиковски е официјално лице на Volvo за Македонија и ова е почеток нешто што ќе претставува долгорочна соработка помеѓу Чадиковски и новиот дилер на Volvo во Македонија – Премиум АГС.

Елегантен изглед со моќни перформанси да го зграби секој предизвик, Volvo XC40 е вистинскиот избор за секој маж кој го препознава квалитетот. Не случајно мажот на годината за 2018 година и човекот со најголем придонес во општеството заедно со Volvo XC40 ја сплотија енергијата и моќно чекорат по патот на успехот.

„Во 2019 одбележувам 22 година од мојата професионална кариера. Низ годините сум добил многу признанија за својот труд, но особено ми е драго што годината ја завршувам со признание Маж на годината 2018. Убаво е чувството кога по толку голема посветеност, вложена енергија, време и труд за професионално усовршување, добивате вакво признаниe, а посебно кога алката ја надополнува и Volvo. По напорен ден, ви треба стабилност и удобност, а за старт на денот во мојата професија потребна е енергија и моќ за сите предизвици. Volvo XC40 е вистинскиот избор за мене. Сакам да изразам голема благодарност до тимот на Премиум АГС кои ме поврзаа со еден премиум бренд како Volvo”, вели д-р Владимир Чадиковски.

Успехот е нешто за што треба да работите, да го стекнете и да се усовршите во полето на вашата работа, а чувството на моќ додека го возите вашиот Volvo е надополнување на стилот и елеганцијата на еден вистински џентлмен.

Погледнете ја галеријата од официјалната фото сесија:

- © Ivan Naunov, Mario Andonovski© Ivan Naunov

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Избрани мажите на годината: Чадиковски, Димитров, Мукаетов, Јанески…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Најубавите маски на Струмичкиот карневал

Редакција

Антикорупциска отвори постапка за “грчките фирми“ на министерот Дамјан Манчевски

Редакција

Измена на Уставот за да во него влезат и Бугарите најдоцна во првите месеци од следната година, прогнозира Џафери

Редакција