еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ трет ден на протест

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно организираше двочасовен протест под мотото „Доста е, излези за Македонија“.

Во Скопје беа блокирани дел од крстосниците, а, според најавите од партијата, протести требаше да се одржуваат и во 10 други градови. Протестите се одржуваат поради, како што велат, продажбата на националните и државните интереси од страна на власта.

Според Љупчо Пренџов, пратениците, јавноста и најголем дел од владините министри не знаат за што се преговара.

– Бараме народот да знае што се случува, Собранието да дискутира, бараме еден општествено политички консензус во врска со преговорите со Бугарија или било кој друг сосед, изјави Пренџов.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

1 ТВ престана да емитува програма, ќе остане ли без дозвола за работа?

Редакција

(Фото) Повторно грда слика: Вреќа со градежен шут на дното на Охридско езеро

Редакција

Кои се новите 19 државни правобранители

Редакција