Доаѓа период на многу топло време, па оттука една од работите кои можат да го разладат организмот е сладоледот.
Во кафулето Scoop Artisan cafe во Карпош 1 ги има едни од најубавите сладоледи во градот.
Местото се наоѓа помеѓу Центарот за странски јазици и „Жапон“. Големиот избор на вкусови на сладоледи, може да биде зачинет со секаков тип на додатоци кои сладоледот не само што го прават вкусен туку и убав на изглед.
Кафетеријата исто така има голем избор на кафиња и напитоци, а нивната понуда може да се најде и во Градски парк.
Местото е уредено пријатно, со шарени столчиња, дрвени масивни маси и зеленило околу. Scoop Artisan cafe е мала оаза на мир, среде урбаната гужва.
Фото: емагазин.мк/Scoop Artisan cafe
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.