еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(Галерија) Заев и Ципрас: Договорот им го посветуваме на младите генерации за нивната иднина, вредеше

Премиерот Зоран Заев денеска, заедно со премиерот на Грција Алексис Ципрас, зеде учество на панелот „Разговор со добитниците на наградата Евалд Фон Клајст“, што ја доделува Минхенската конференција за безбедност и која оваа година им е доделена на двајцата премиери за нивниот особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса, информираат од Владата.

Панелот на кој во одделни дискусии настапија премиерите Заев и Ципрас, како еден од централните настани на конференцијата, беше посветен на иднината на Западен Балкан.

Премиерот Заев истакна дека на денешниот панел зборуваме за регион кој се менува, кој станува сѐ повеќе европски и кој испраќа позитивни пораки и за другите.

Заев го потсети форумот во Минхен дека тој и премиерот Ципрас покажаа дека со кршење на стереотипите во политиката се активираше енергија која помогна да се креираат нови правила на однесување за решавање на отворените, сложени, прашања истовремено со создавање пријателство кое создаде амбиент за решавање на проблемот што беше исправен како пречка за многу процеси меѓу двете земји.

„Им го посветуваме Договорот на младите генерации за нивната иднина, вредеше“, рече премиерот Заев на панелот „Разговор со добитниците на наградата Евалд Фон Клајст“, што ја доделува Минхенската конференција за безбедност, и додаде дека Договорот од Преспа е достоинствено и прифатено решение за двете страни.

Свечениот дел од врачувањето на наградата на конференцијата „Евалд Фон Клајст“ на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи вечерва на церемонија чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Баварија, Флориан Херман.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пиштолот е со дозвола, не нападнав никого, се јави новинарот Фуркан Салиу

Редакција

Совет за безбедност: Направен план за да нема рестрикции на струја

Редакција

ЈКП Комуналец – Прилеп склучи договор со „Реалност-06“ вреден 383,7 илјади евра

Редакција