еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Генералниот секретар на ОН, Гутереш: Запрете ги војните, да се бориме против коронавирусот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска повика на глобално примирје за да може светот да се фокусира на борбата против пандемијата на новиот коронавирус.

– Време е да се стави крај на вооружените конфликти и заедно да се фокусираме на вистинската борба за нашите животи, рече Гутереш во видео обраќање.

Тој истакна дека вирусот не бира националност или етничка припадност, фракција или религија.

– Тој ги напаѓа сите немилосрдно. Во меѓувреме, вооружените конфликти беснеат низ целиот свет. Најранливите – жени и деца, лица со посебни потреби, маргинализирани и раселени – плаќаат највисока цена. Тие се со најголем ризик, заклучи Гутереш.

Во исто време, генералниот секретар на Обединетите нации предупреди дека здравствените системи во земјите погодени од војни се распаднати и во нив останале само малкумина здравствени работници.

– Ставете крај на болеста на војната и борете се против болеста што го пустоши нашиот свет. Сè започнува со запирање на борбите насекаде. Сега. Тоа му е потребно на нашето човечко семејство, сега повеќе од кога било, рече Гутереш.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: Пандемијата на коронавирусот се забрзува

17 починати и 695 лица заразени со коронавирусот во Грција

Помалку заразени од Луксембург: Го стави ли Русија корона вирусот под контрола?

(ВИДЕО) Потресни снимки од болница во Бергамо, укажуваат колку сериозно треба да се сфати кризата со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Насилни судири и солзавец во Црна Гора поради устоличување на митрополитот Јоаникиј

Редакција

(ВИДЕО) Масовни протести во Москва за ослободување на Навални, уапсени над 1.000 лица

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до два денари по литар

Редакција