еМагазин
Image default
Македонија

Генералшабот категорично побара Армијата да не се злоупотребува за политички цели

Во врска со актуелното зачестено споменување во медиумскиот простор на Армијата и нејзини припадници, во контекст на актуелните политички случувања во државата, чувствуваме потреба да реагираме, при што, Генералштабот на Армијата категорично застанува против сите обиди за нејзино инволвирање и нарушување на макотрпно и достоинствено градениот углед и кредибилитет кој го има стекнато кај граѓаните кој е препознаен во општеството од осамостујувањето до денес, соопшти Генералштабот.

„Армијата секогаш била, е и ќе остане надвор од било какви вмешувања во внатрешните збиднувања на политичките субјекти и нема да дозволи внатрешната кохезија и единство да биде нарушена од било кој припадник на Армијата и надвор од неа.

Најостро го осудуваме секој облик на изразување на неофицијални лични ставови кои предизвикуват инволвирање на Армијата и нејзините припадници во контекст на дневните политички случувања.

Генералштабот на Армијата ќе остане доследен на извршување на својата мисија и задачи и на најпрофесионален начин да ги спроведува предвидените реформски процеси во Армијата согласно високите НАТО стандарди, грижејќи се за зачувување на безбедноста на граѓаните, суверенитетот и државниот интегритет на нашата татковина“, информираат  оттаму.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Сали вели дека протестирале само 25% од матичните лекари

Редакција

Нови 225 случаи со Ковид-19 од 1.841 тестирања: Најмногу во Скопје дури 120

Редакција

Бугарија покажува мускули на темата Македонија, вели деканот на бугарскиот Факултет за словенска филологија

Редакција