еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истрага „Поштенска банка“: Георгиевски и Груевски поради застареност на делото нема да бидат гонети од СЈО

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) информираше дека отворило нова истрага „Поштенска банка“, во која кривично гони 9 лица: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.

Според СЈО организатори на „злосторничката група“ биле Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата на Република Македонија во 2001 година, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, кои со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, која била во државна сопственост, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани.

Од СЈО, велат дека Груевски, Георгиевски и Ѓорчев не можат да се гонат кривично, бидејќи настапила застареност на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувње“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски се огласи на Фејсбук за истрагата на СЈО, „Поштенска банка“

Љубчо Георгиевски за истрагата на СЈО: Немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка

Сите детали: „Поштенска банка“ нова истрага на СЈО, кој е осомничен?

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена од охридско што се изгубила берејќи печурки, пронајдена е денеска

Редакција

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на ДСЗИ, одлучи Владата

Редакција

„Този фашист не е фашист“: Твитер реакции за условите на Бугарија за Македонија за членство во ЕУ

Редакција