еМагазин
Image default
Бизнис

Герешајмер ќе гради фабрика во ТИРЗ Скопје вредна неколку десетици милиони евра

Договор за закуп на парцела со површина од 139.640 квадратни метри во ТИРЗ Скопје денеска е потпишан со германската фрмацевтска компанија Герешајмер која во повеќе фази треба да реализира објект од неколку десетици милиони евра во кој ќе работат 400 високостручни кадри.

Првата фаза треба да се реализира до крајот на декември годинава или најдоцна во првиот квартал од следната година.

Извршниот потпретседател на Герешајмер задолжен за глобални операции, квалитет и набавки, Оливер Марк Бергел рече дека три работи биле главни за да се решат да инвестираат во ТИРЗ Скопје.

-Првата работа е што имате млади луѓе кои се стремат кон знаење и се подготвени да работат напорно. Втората е добрата инфраструктура, а третата непрекинатата добиена поддршка од Владата за сите потешкотии со кои се соочивме. Планираме да имаме вработени со висок квалитет. Сметам дека луѓето треба да останат во својата земја и ние сме тука за да ги поддржиме, рече Бергел.

Герешајмер е светски позната компанија за производство на апликатори за инсулин, инхалатори за астма,… основана во 1864 година.

Има 50 свои фабрики во 15 држави на четири континенти во кои работат 10.000 вработени што остваруваат 1,3 милијарди евра промет. Соработува со сите гиганти од фармацевтскиот сектор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оилко откупи сопствени акции

Редакција

„Тежок тендер“: Кој ќе го снабдува со струја Собранието на Република Македонија?

Редакција

Министерство за образование и наука склучи договор со Хилдин комерц вреден 1,7 милион евра

Редакција