еМагазин
Image default
Македонија

Германија бара да продолжи спроведувањето на Договорот со Грција: Цензусот беше премногу висок

Германија се приклучи на повиците упатени кон Македонија да го спроведе Договорот со Грција кој ќе го отвори патот на државата кон НАТО и ЕУ, пренесува БТА.

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека големата поддршка на референдумот е причина повеќе за продолжување на Договорот, иако излезноста била мала.

Според Зајберт, важно е да се продолжи со поддршката на спроведување на Договорот, кој, како што рече, претставува историска можност за надминување на една пречка во односите на Македонија со НАТО и ЕУ.

Портпаролот на Меркел посочува дека цензусот од 50 проценти, што не беше постигнат, е премногу висок, бидејќи избирачките списоци вклучуваат многу луѓе кои одамна ја напуштиле земјата.

МИА/Фото: Влада на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца од десетте можни кандидатии за претседател на држвата, чии рејтинг го мери СДСМ се Албанци

Редакција

Работна група во МВР ја решава состојбата со недостаток на обрасци за пасоши

Редакција

Новозаразените со Ковид-19 во тетовско, вирусот го добиле од гости

Редакција