еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Германска амбасада: ЕУ да се држи до ветувањата, а Скопје да ги убеди сите дека местото му е во Унијата

За Германија, започнувањето на пристапните преговори на ЕУ со Република Северна Македонија е и останува да биде суштинско прашање на безбедноста и стабилноста во Европа. Сметаме на тоа, Северна Македонија да ги интензивира реформите и со тоа да ги убеди сите, кои сѐ уште би имале сомнеж, дека нејзиното место е во ЕУ, се посочува во соопштение од Амбасадата на Германија во Скопје, по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел минатата недела, на кој не беше донесена одлука за старт на преговрите со Македонија и Албанија.

– Германија е на посебен начин поврзана со Западен Балкан, не само политички, туку и економски и општествено преку многуте луѓе од овој регион што живеат кај нас. Од заеднички европски интерес е да се интегрираат државите од Западен Балкан во Европската Унија.

За ова да успее, мораме да се држиме до нашите ветувања, европската перспектива на овие земји заедно да ја спроведеме. Ова е најдобриот предуслов за да се унапредат реформите и развојот на правната држава, а со тоа ова е и најдобриот предуслов за благосостојба, стабилност и безбедност внатре во Европа, се наведува во соопштението.

Од Амбасадата потсетуваат дека германскиот Бундестаг со својата одлука на 26 септември 2019 годинава, ја исполни оваа одговорност.

-Нашата позиција не се промени, и таа и понатаму треба да служи како импулс за размислување за другите. И ние сме за тоа, пристапниот процес во целина да биде потранспарентен и подобар. Но, исто така сме уверени, дека вреди да ѝ се понуди европска перспектива на Република Северна Македонија.

Германија и понатаму ќе ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, како што тоа секогаш сме го правеле. Сметаме на тоа, Северна Македонија да ги интензивира реформите и со тоа да ги убеди сите, кои сѐ уште би имале сомнеж, дека нејзиното место е во ЕУ!, стои во соопштението од Германската амбасада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија го враќа на маса проширувањето на ЕУ во ноември, ама тоа ништо нема да смени

САД разочарани од ЕУ по блокадата на датумот за преговори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена поголема сума на пари

Редакција

Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики

Редакција

Убава вест: Оздравени 727 пациенти болни од Ковид-19

Редакција