еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Героски: Се чувствувам небезбеден, жал ми е што Заев влезе во ваков филм

Драги пријатели, вечерашната срамна и заканувачка изјава на премиерот Зоран Заев ме шокираше.

Во неа, покрај извесен „педер“ (тоа се негови зборови), се спомнува и „еден суетен новинар“. Таа изјава на социјалните мрежи веќе покрена бран од вербална агресија кон мене. Во овој момент, се чувствувам загрозен и небезбеден, а загрижено е и моето семејство, напиша на својот Фејсбук-профил новинарот Бранко Героски.

„Поради тоа, ве замолувам, во рамките на вашите можности, да ги известите претставниците на меѓународната заедница за ова што се случува“, напиша Героски.

Тој исто така информира дека синоќа, после скандалозната изјава на Заев, бил мета на организирани напади на сдсмовските ботови, но и на многу приврзаници на Заев кои не можат да се соочат со вистината дека нивниот обожуван лидер не е она што беше.

„Ќе бидам искрен и ќе ви кажам дека многу ми е жал што Заев влезе во ваков филм. Никогаш не помислував дека од овој човек, од мојот пријател Зоки, можам да се надевам на вакво нешто. Ваква оркестрирана харанга, вакви страшни и неосновани клевети.

Се прашувам дали ноќеска треба да очекувам партиската војска да ми тропне на врата или нешто уште пострашно да се случи…

Во меѓувреме, од листата на пријатели и следбеници на Фејсбук, избришав и изблокирав многу луѓе за кои вечерва конечно сфатив дека не се способни да мислат со сопствените глави и не го заслужуваат моето внимание.

Тоа е мојот акциски план и за наредните денови. Кој сака да ме клевети и навредува, ќе мора тоа да го прави на сопствениот ѕид. Јас немам ни време ни енергија со таквите ликови да терам полемики“, напиша Героски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто под квалификативот „еден суетен новинар” се препознал Героски тоа треба него да го прашате, вели Заев

Осуди од сите страни за „сочната“ изјава на премиерот Зоран Заев

Педери сакаат да рушат Влада која им даде геј-парада

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја симнат оваа Влада од власт

Фото: Фејсбук/Героски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бејли: Политичарите сериозно да ги земат предвид мнозинството 660.000 граѓани кои гласаа „за“

Никола Осило

Молк од Никола Груевски и Ѓорге Иванов за стартот за промена на Уставот

Редакција

Наставниците утре нема да држат настава, СОНК не се откажа од предупредувачкиот штрајк

Редакција