еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Гест за почит на општина Кавадарци: Обезбедена помош за девојче кое остана без двајцата родители

Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и вработените во локалната самоуправа доделија вредносен ваучер во износ од 247.808 денари на девојче кое остана без двајцата родители, а за подмирување на наследени обврски се со цел безгрижно да го продолжи своето образование како доста солиден ученик на Медицинскиот факултет во Скопје.

„Да се помага на луѓето кои имаат потреба од помош е морална одговорност на сите нас. За жал , понекогаш животот ни приредува тешки моменти кои уште потешко се надминуваат. Марија Трајкова на своите 17 години остана без двајцата родители, остана сама да продолжи по патот полн со предизвици. Марија ни вети дека преку труд и учење ќе постигне добри резултати и еден ден ќе бидеме горди на неа“, соопшти општината.

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија нема да добие помош од Солидарниот фонд на ЕУ

Редакција

Кирил и Методиј се Бугари, а кирилицата бугарска, изгласа бугарското Собрание

Редакција

Уапсени креаторот и администраторот на „Јавна соба“, Обвинителството бара притвор

Редакција